Македонија
Михајлов: Одлуките на Владата се нереални, пивото е со заштитена цена, а во луксузни ги стави основните прехранбени производи
„Нашиот сектор има улога од производство, увоз, дистрибуција и малопродажба претежно на храна и пијалоци. Сектор кој што во последните години е зафатен од сериозни проблеми, кои што се затекнати и започнати уште од корона кризата, кога се отежна транспортот на стоки и набавката на стоки, кога инфлацијата започна да расте во нагорна линија, двоцифрена инфлација не затекна. Потоа исто така конфликтот во Украина имаше голем импакт врз нашиот бизнис. И згора на се тоа, во нашата држава беа донесени одлуки започнувајќи уште од март 2020-тата година, тие одлуки беа донесени буквално преку ноќ и не беа во склад со моменталната ситуација во нашиот сектор и со пазарите во светот“, истакна стопанственикот Бојан Михајлов на денешната дебата насловена „Економски политики за достоинствен живот и ЕУ интеграција“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Михајлов додаде дека со погрешните одлуки на власта дојде до празни рафтови и до отсуство на основни прехранбени производи.
„Нашиот сектор е директно поврзан со секојдневието на секое едно семејство, бидејќи според сите анализи и статистики дури 45% од семејниот буџет одат за трошоците за храна и пијалоци. И ако тука ги додадеме и 6,7 па и 8% за хигиенски средства кои што исто така се набавуваат во нашиот сектор, ќе дојдеме дека дури и половина од средствата граѓаните ги трошат во нашиот сектор“, појасни Михајлов.
„И одлуките кои што и сега се носат се исто така се донесени без консултација на нашиот сектор, без консултација на производителите и увозниците на храна. Па и така се доведовме во една ситуација кога имаме гарантирана цена, заштитена од државата на пиво, а од друга страна во луксузни производи ни се ставаат основни прехранбени производи кои што секојдневно ги конзумираме“, нагласи тој.
Тој посочи дека гневот кај купувачите е очигледен бидејќи секој ден се менуваат цените поради одлуките на власта.
„Еве ќе дадам пример, кај што една од одлуките вели да се намали цената на јајца, ориз и ред други производи, за да после три дена да добиеме измена на одлуката и вели цената на јајцата да не се намали од први август за 10% туку да се земе референтна цена од 01.09. За да наредниот ден да добиеме измена да се земе референтна цена од 15.09“, укажа Михајлов.
„Одлуките се носат денес попладне, за да важат од утре наутро. Што е реално неодржливо и невозможно да се смени“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

