Свет
500.000 луѓе го напуштија северниот дел на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/газа-заминување.jpg)
Потполковник Џонатан Конрикус, меѓународен портпарол на Израелските одбранбени сили, рече дека ИДФ проценува дека досега околу 500.000 луѓе го напуштиле северниот дел на Газа и го обвини Хамас дека им отежнува на оние што се обидуваат да се преселат на југ. ИДФ одржува две безбедни рути за евакуација, рече тој, и како што воената операција се движи кон засилена фаза, би било небезбедно цивилите да останат во градот Газа.
Запрашан за бомбардирањето во петокот, во кое наводно загинаа 70 луѓе на патот што израелската војска, го означи како безбеден, потполковникот Конрикус повтори дека ИДФ не гаѓа активно цивили.
„Го напаѓаме Хамас, ја напаѓаме нивната инфраструктура и активно ги ловиме командантите… Кога ловите жива цел, која би можела да биде во движење, веројатно не сме во можност да ги користиме истите тактики што ја минимизираат колатералната штета, како што е раното предупредување, затоа што тогаш лицето би знаело дека е цел и дека може да избега“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Мицотакис: Грција се соочува со опасно лето поради пожари, суша и ветрови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/micotakis.jpg)
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари, продолжената суша и невообичаено силните ветрови кои придонесуваат за ширење на пожарот.
„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и да ни го свртам вниманието назад кон летото за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Микотакис, пренесува Катимерини.
Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени ја зголеми нивната фреквенција и интензитет.
Свет
Полска: Укината е поддршката за домаќинствата кои обезбедуваат помош за украинските бегалци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/jm.jpg)
Полските власти најавија дека од денеска ќе стапат на сила измените на законот за помош на граѓаните на Украина, а во рамките на новите регулативи полските домаќинства кои обезбедуваат засолниште за бегалците повеќе нема да добиваат финансиска поддршка од полската влада.
Досега Полјаците кои беа домаќини на Украинците добиваа по 40 злоти дневно за секој кој престојуваше во нивното сместување, пренесува Полското радио.
Заменик министерот за внатрешни работи и државна администрација Мачеј Душчик рече дека системот се укинува поради големите злоупотреби.
Свет
Невработеноста во Австрија во јуни падна на 6,2 отсто, што е најниско ниво во последните девет месеци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bx.jpg)
Стапката на невработеност во Австрија падна во јуни од 6,4 отсто во мај на 6,2 отсто и сега е најниска во последните девет месеци, објави денеска австриската јавна служба за вработување (АМС).
Бројот на регистрирани невработени во Австрија се зголемил за 24.700 на годишно ниво, се наведува на веб-страницата на АМС.
Невработеноста во Австрија е во согласност со трендовите во еврозоната.