Економија
СДСМ: Успешните економски политики ги потврди и ММФ
„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, инфлацијата се намалува, економијата расте, се покачуваат платите и пензиите. Потврда за успешните економски мерки стигна и од ММФ, кој ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува стапка на раст од 2,5% годинава и 3,2% за 2024 година“, велат од СДСМ.
„Проекциите на ММФ се дека растот на БДП во земјава ќе биде поголем од оној на Србија, Бугарија Словенија, како и за 1,8 проценти повисок во однос на просекот на ЕУ.
Македонија го задржа и кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“.
СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани и заштита на животниот стандард, како и со мерки за поттикнување на економскиот раст“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Утре започнува јубилејната Десетта меѓународна конференција во организација на Народната банка
Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе зборуваат за повеќе актуелни прашања на утрешната, јубилејна, Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, којашто традиционално ја организира Народната банка, оваа година во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ).
Конференцијата на високо ниво ќе ја отворат со свои обраќања претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и челните претставници на институциите организаторки, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан. Воведно обраќање на Конференцијата ќе има и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер. Исто така, на Конференцијата ќе учествуваат и гувернерите на Молдавија, Словенија, Хрватска, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово, член на Одборот на централната банка на Литванија, претседавачот на Европскиот банкарски орган, извршниот директор на Алијансата за финансиска инклузија, високи претставници на Светската банка, Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската централна банка (ЕЦБ), како и на други истакнати меѓународни институции и академски претставници.
Отворањето на Конференцијата, на 1 октомври 2024 година, е со почеток во 9 часот, а настанот можете да го проследите на следнава ВРСКА.
Економија
„Грин машинс“ на БРАКО доби златен медал на меѓународниот технички саем во Пловдив
Златен медал во категоријата „Мобилни машини“ добија возилата на Грин Машинс на Меѓународниот конкурс за иновативни производи со висок квалитет на Техничкиот саем во Пловдив, Бугарија.
Жири составено од специјалисти од бугарската Државна агенција за метрологија и технички надзор, го оцени македонскиот производ, електричното возило GM 500 ZE, со највисоки оценки во неговата категорија, во присуство на изложувачи од 25 земји кои изложуваа во области од машинство, енергетика, дигитални технологии, тешка техника, еколошко градежништво, хибридни транспортни средства и беспилотни летала.
GM 500 ZE работи на електричен погон и користи последна генерација на литиум-јонски батерии со нула емисија на СО2 и нула загадување на околината.
Грин Машинс произведува технолошки врвни возила на електричен и водороден погон, како и возила на класичен погон, наменети за одржување хигиена во урбани средини.
Велешката фабрика на настанот изложи три свои возила GM 955, GM 500 ZE и GM 400 ZE.
Возилата на Грин Машинс се барани и високоценети на светскиот пазар поради нивната технолошка напредност, ефикасноста во работењето и модерниот дизајн.
ПР
Економија
Анакиев: Државниот инспекторат за земјоделство на „Денови на кочанскиот ориз“
Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, кочанско, каде што со симболично зажнејување на оваа житна култура официјално се означи почетокот на годинешната жетва на ориз.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а е во организација на Општина Кочани.
Од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар. Инспекторите од ДИЗ ќе бидат постојано на терен и ќе го следат претстојниот откуп, со што се гарантира заштита на производителите.
Во однос на загриженоста на производителите во однос на државните резерви на увозен ориз, според информации на инспекторатот, министерот за земјоделство Трипуновски информираше дека нема простор за загриженост бидејќи во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, се контролира во однос на квалитетот и безбедноста.
Во својата изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи -„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“.