Свет
Шолц оди во Израел
Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторник ќе отпатува за Израел, објави телевизијата НТВ повикувајќи се на владини извори.
Владиниот портпарол не сакаше да ја коментира најавата за пат.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок беше во Израел минатата недела, каде што ја изрази цврстата поддршка на Берлин за земјата да се одбрани од нападот на палестинската исламистичка група Хамас на 7 октомври, во кој стотици Израелци беа убиени или земени како заложници.
Баербок потоа отпатува за Египет, а западните земји се обидуваат да го задржат ескалацијата на конфликтот во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот
Русија е целосно подготвена за конфликт со НАТО на Арктикот, предупреди рускиот министер за надворешни работи.
-Гледаме дека НАТО ги засилува вежбите поврзани со можни кризи на Арктикот. Нашата земја е целосно подготвена да ги брани своите интереси воено и политички, рече Сергеј Лавров.
Арктикот е најсеверната точка на Земјата и опфаќа територија на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Данска, Канада, Соединетите Американски Држави, Исланд и Русија. Сите овие земји, освен Русија, се членки на НАТО.
Финска се приклучи на НАТО во април минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, додека Шведска тоа го направи во март оваа година.
Лавров рече дека „Арктикот не е територија на Северноатлантскиот договор“ и нагласи дека други земји, како Кина и Индија, имаат интереси во тој регион. Еден од највисоките руски дипломати минатата година изјави дека Финска „прва ќе настрада“ во случај на војна меѓу НАТО и Русија.
Регион
Петчлено семејство загина во тешка сообраќајка кај Ушќе
Петчлено семејство вчера околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.
Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.
Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.