Свет
Речиси 160 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Рафах

Камиони со хуманитарна помош за Газа пристигнаа на преминот Рафах, според очевидци и египетски безбедносни извори.
Пратките со помош сега чекаат да се отвори страната на границата во Газа и да се обезбеди премин пред да влезат, рекоа два извора.
Речиси 160 камиони вчера чекаа на 60 километри од преминот Ал-Ариша чекајќи да се отвори.
Странските државјани се собраа пред портите очекувајќи да им биде дозволено да влезат по постигнатиот договор меѓу САД и Каиро, но тие останаа затворени.
Египет соопшти дека преминот Рафах – единствениот влез во Газа што не е под израелска контрола – бил оневозможен поради израелските воздушни напади во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
OpenAI работи на алтернатива на Neuralink на Маск

Спорот меѓу шефот на OpenAI, Сем Алтман, и неговиот најголем ривал, Илон Маск, би можел дополнително да се загрее откако се појави веста дека Алтман планира да влезе во просторот за интерфејси мозок-компјутер (BCI), директно натпреварувајќи се со Neuralink на Маск.
Според Financial Times, Алтман планира да помогне во основањето на Merge Labs, BCI стартап кој се стреми кон вредност од 850 милиони долари со поддршка на инвестицискиот тим на OpenAI и други инвеститори. Проектот би го позиционирал Алтман како ко-креатор на Merge Labs, иако тој лично нема да инвестира свои пари.
Според три добро информирани извори кои сакаа да останат анонимни, Алтман ќе го лансира Merge Labs заедно со Алекс Банија, извршен директор и ко-основач на контроверзниот крипто стартап World, познат по употребата на скенери за ирис.
Иако инвестицијата на OpenAI во проект за чип за мозок може да изгледа необична на почетокот, логиката зад неа е во согласност со целта на Merge: да се користи напредна вештачка интелигенција за развој на подобри BCI системи – што е исто така една од основните амбиции на Neuralink.
Идејата за „спојување на човекот и машината“ не е нова во визијата на Алтман. Во блог од 2017 година, цитиран од Financial Times, Алтман предвидел дека луѓето би можеле „да ги спојат умовите со компјутерите“ уште во 2025 година – очигледно инспирацијата за името на стартапот Merge.
Во истата статија, тој напиша дека три технолошки откритија се неизбежни:
„Ќе се случи суперинтелигентна вештачка интелигенција, ќе се случи генетско подобрување и ќе се случат интерфејси меѓу мозокот и компјутерот“.
Маск го напушти одборот на OpenAI во 2018 година по несогласувањата со Алтман околу насоката на компанијата. Оттогаш тој ја основа xAI, сопствена лабораторија за вештачка интелигенција поврзана со платформата X и повеќе пати ја тужеше OpenAI, обвинувајќи ја за предавство на својата непрофитна мисија – и покрај фактот дека самиот основал комерцијална компанија за вештачка интелигенција.
Neuralink на Маск моментално се проценува на околу 9 милијарди долари, што ја става значително пред Merge Labs, но проектот на Алтман би можел да го засили соперништвото меѓу двата технолошки гиганти.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски денес ќе се сретне со Стармер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит, соопшти канцеларијата на британскиот премиер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не откри многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се одржува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговара за прекин на огнот во Украина.
Зеленски, Стармер и европските лидери вчера имаа заеднички телефонски разговор со американскиот претседател, за време на кој се согласија дека одлуките за Украина не треба да се донесуваат без учество на Украина и дека првиот чекор треба да биде притисок за прекин на огнот.
„Ен-би-си Њуз“ синоќа објави дека Трамп рекол дека нема да разговара за поделба на територијата со Путин. Тој исто така рече дека се надева оти ќе одржи самит меѓу Зеленски и Путин.
фото: принтскрин
Свет
Хантер Бајден: Епстин ја запозна Меланија со Трамп; првата дама се закани со тужба

Првата дама на САД, Меланија Трамп се закани дека ќе го тужи Хантер Бајден за повеќе од 1 милијарда долари откако тој тврдеше дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ја запознал со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-би-си.
Адвокатите на првата дама, која се омажи за Трамп во 2005 година, го опишаа тврдењето на Бајден како „лажно, омаловажувачко, клеветничко и провокативно“.
Во писмото, испратено до адвокатот на Хантер Бајден, се бара повлекување и извинување, со закана за тужба за „штета поголема од 1 милијарда долари“. Се тврди дека првата дама претрпела „огромна финансиска и репутациска штета“ од тврдењето, кое Бајден го повтори.
Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, го изнесе ова тврдење претходно овој месец во интервју во кое остро ги критикуваше минатите врски на Трамп со Епстин. Трамп во минатото призна дека го познавал Епстин, но тврди дека тие се разделиле на почетокот на 2000-тите затоа што Епштајн ги презел вработените од спа-центарот на Трамп во Флорида.
Бајден му рекол на режисерот Ендру Калаган: „Епстин ја запознал Меланија со Трамп – тие врски се многу широки и длабоки“.
Адвокатите на првата дама велат дека Бајден се потпирал на статија во „Ју-ес Дејли Бист“ која подоцна била отстранета откако правниот тим на Меланија ја оспорил нејзината содржина и наслов.
Отстранетата статија, во која делумно се цитира новинарот Мајкл Волф, алудирала на тоа дека Меланија била во врска со познаник на Епстин и Трамп кога го запознала својот сегашен сопруг.
фото: принтскрин