Македонија
Спасовски за германски дневен весник: Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите

Во интервју за германскиот дневен весник Neue OZ, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше запрашан за моментната состојба со илегалната миграција.
„Моментната состојба на нашите граници не е споредлива со ситуацијата во 2015/2016 година. Во тој период повеќе од милион луѓе патуваа преку балканската рута кон Европската Унија. Во Северна Македонија тогаш дневно регистриравме од 10.000 до 12.000 преминувања на границите. Денес, бројките се многу помали, но Северна Македонија останува важна земја на транзит кон земјите членки на ЕУ. Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите, од кои најголем дел на јужната граница со Грција, односно годинава бележиме тренд на намалување за речиси 50 % на обидите за илегални преминувања во однос на минатата година“, истакна министерот Спасовски.
Во однос на прашањето од каде пристигаат мигрантите, Спасовски рече дека повеќето од луѓето доаѓаат од Мароко, Пакистан и од Авганистан.
„Повеќето луѓе доаѓаат од Мароко, Пакистан и од Авганистан. Професионални шверцери ги носат луѓето преку граница. Во Северна Македонија во првите осум месеци откривме 74 обиди за шверцување 734 мигранти. Доследно го гониме шверцувањето и поведовме постапки против 68 лица за шверцување во првите осум месеци. За повеќето мигранти, Северна Македонија е само земја на транзит кон Западна Европа“, рече Спасовски додавајќи дека луѓето, без разлика на нивното потекло, сакаат да одат во безбедни земји со стабилна економија посочувајќи ги земјите како Германија, Австрија и скандинавските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.