Забава
Том Круз ѝ најде нова работа на својата филмска екипа – снимаат музички спот за Рик Естли
Том Круз обезбедил му нов ангажман на својот тим од „Невозможна мисија“, кој моментно е без работа поради штрајкот на холивудските актери.
Круз е продуцент на музичко видео за Рик Естли, поп-ѕвездата од 80-тите, а екипата од култниот серијал е ангажирана во продукцијата.
Ѕвездата на „Топ-ган: Маверик“ (61) наводно го издејствувал ангажманот на своите редовни соработници бидејќи не сакал тие да губат пари среде штрајкови, кои го доведоа Холивуд до застој. Поради штрајкот, кој сè уште е во тек, Круз го прекина снимањето на најновиот од серијалот „Невозможна мисија: Одмазда втор дел“.
Извор од филмската индустрија изјави за „Сан“ дека Круз побарал услуга од својот колега од „Невозможна мисија“, Сајмон Пег (53), кој го режира спотот за песната на Рик, Forever and More.
Инсајдерот додаде: „Том работеше со голем дел од екипата на многу филмови, па сака да биде лојален и да помага во тешки времиња.“

„По разговорите со Сајмон и издавачката куќа на Рики Естли, ги натера сите да работат на видеото“.
„Рик е воодушевен поради тоа бидејќи имаат високи стандарди и може да произведат нешто извонредно“.
Весникот „Сан“ дознава дека видеото било снимено во понеделникот на тајна локација во Британија.
Филмските шефови имале цел да го објават Mission Impossible: Dead Reckoning Part Second („Невозможна мисија: Одмазда втор дел“) летото 2024 година, но снимањето беше прекинато поради штрајкот на холивудските актери и писатели.
„Сан“ објави дека поголемиот дел од филмот е снимен пред штрајкот, но најголемата акциона секвенца допрва треба да се сними.
Експертите велат дека иако спорот меѓу писателите и студијата беше решен во септември, штрајкот на актерите може да потрае до крајот на годината откога нивните преговори пропаднаа на 11 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.
Забава
Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес
Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
“Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?”Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.

