Контакт

Свет

Шји вели дека ќе работи со Египет за да помогне во стабилизирањето на Блискиот Исток

Објавено пред

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг му рекол на египетскиот премиер дека Пекинг се надева дека ќе соработува со неговата земја за да донесе повеќе стабилност на Блискиот Исток, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Кина е подготвена да ја подобри соработката со Египет… и да донесе поголема сигурност и стабилност во регионот и светот“, му рекол Шји на Мостафи Мадбули на состанокот во Пекинг, според државната телевизија CCTV.

„Кина и Египет се добри пријатели, кои делат исти цели и си веруваат еден на друг, и добри партнери, кои работат рака под рака за развој и заеднички просперитет“, ја пренесе CCTV изјавата на Шји.

„Во моментот, меѓународната и регионалната ситуација претрпува длабоки и сложени промени, а светот доживува брзи промени невидени со векови“, додаде Шји.

Пекинг исто така е подготвен да работи со Каиро за „заеднички да ја заштити меѓународната правичност и правда, како и заедничките интереси на земјите во развој“, рече тој.

Свет

САД планираат да ја пренасочат испораката на системот „Патриот“ во Украина

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги суспендира сите тековни нарачки за системи за противвоздушна одбрана и ракети пресретнувачи „Патриот“ и да ја пренасочи нивната испорака во Украина додека не се задоволат одбранбените потреби на земјата, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Овој потег би можел да биде објавен подоцна во текот на денот, се вели во извештајот на ФТ цитирајќи три добро информирани луѓе запознаени со потегот.

Како што пренесува „Ројтерс“, Украина бара американски ракетни системи „Патриот“, кои се покажаа како витални за способноста на Киев да соборува руски балистички и хиперсонични ракети.

Прикажи повеќе...

Регион

БиХ: Поради високите температури, работата на отворено е прекината од 12 до 17 часот

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска им препорача на работодавците дека поради високата температура на воздухот, да ја разгледаат можноста за прекин на работата на отворено од 12 до 17 часот.

dobivaj vesti na viber

„Доколку работата на работодавецот е организирана така што не може да се примени оваа мерка, се препорачува работниците што работат на отворено да почнат со работа од 6 часот наутро“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Срна“.

Во соопштението се посочува дека работодавците треба да им обезбедат на работниците посоодветна облека, приспособена на високата температура, како и користење годишен одмор за вработените со дијагностицирани хронични заболувања.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин и Лам ја усвоија изјавата за стратешко партнерство меѓу Русија и Виетнам

Објавено пред

Претседателите на Русија и Виетнам, Владимир Путин и То Лам, денеска, во Ханој, усвоија изјава за натамошно продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство на двете земји по повод 30-годишнината од спроведувањето на руско-виетнамскиот договор за основа на пријателски односи.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата на Путин на Виетнам беа потпишани најмалку 11 договори, пренесува ТАСС.

Станува збор за договори за соработка меѓу двете земји во областа на енергетиката, високото образование, правосудните институции, даночните служби и царината.

Потпишан е и договор за изградба на нуклеарен научно-технолошки центар во Виетнам со учество на руската државна корпорација за атомска енергија „Росатома“.

Потпишан е и договор за соработка меѓу Русија и Виетнам во развојот на лабораториска инфраструктура за борба против епидемии.

Ова е петта посета на Путин на Виетнам, а прва од 2017 година.

Путин пристигна во Виетнам во средата вечерта по посетата на Северна Кореја, при што го потпиша договорот за стратешко партнерство со лидерот на таа земја, Ким Џонг-ун.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето на името

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ го коментира ставот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски,...

Македонија2 часа

Мицкоски: Поднесовме предлог-измени на Законот за енергетиката по скратена постапка, со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Изминативе денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија, која практично ќе...

Спорт2 часа

ФФМ од Даку побара да ѝ се извини на македонската држава, а од УЕФА да го казни албанскиот репрезентативец

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод навредите кои од теренот на стадионот во Хамбург, ги испрати албанскиот репрезентативец...

Македонија3 часа

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека во...

Македонија5 часа

25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак за време на марш кога му се слошило. Се работи за...

Спорт5 часа

(Видео) Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а...

Свет5 часа

Семејствата на жртвите бараат од „Боинг“ отштета од рекордни 25 милијарди долари

Семејствата на жртвите на двете несреќи на „боинг 737 макс“ побараа повторно судење и отштета од 24,8 милијарди долари за...

Македонија6 часа

Елфете Исмаили oд Алијансата е кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик-министер за земјоделство

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците одржа состанок, на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната...

Македонија7 часа

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен...

Топ17 часа

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија21 час

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија21 час

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги...

Економија1 ден

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...

Македонија1 ден

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна...

Македонија1 ден

Петмина осомничени за насилството во дворот на Клиничкиот центар: со клоци и тупаници, со метални шипки, дрвени палки претепале едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично...

Регион1 ден

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во...

Европа1 ден

(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри

Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото...

Свет1 ден

Путин го нападна Западот во разговорот со Ким, лидерот на Северна Кореја порача: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги...

Европа1 ден

Американски војник осуден во Русија на речиси четири години затвор

Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана со убиство,...