Свет
Израел: Продолжуваме со нападите во Газа, убиени се некои поважни членови на Хамас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/1696697927-11763867-900x600.jpg)
Израелските одбранбени сили штотуку објавија ажурирање во кое се вели дека продолжуваат со напади во Појасот Газа.
„Во текот на изминатиот ден, ИДФ, под раководство на Шин Бет, уништи стотици терористички инфраструктури на Хамас, од кои десетици беа нападнати во населбата Сагеја. Нападнати стотици терористички инфраструктури вклучуваат локации за лансирање противтенковски ракети, тунели, разузнавачка инфраструктура, оперативни штабови и други штабови“, соопшти ИДФ.
Се тврди дека е убиен „шефот на военото крило на терористичката организација Комитети за народен отпор во Рафах, Рафат Харев Хосеин Абу Халал“, како и „голем број оперативци, кои припаѓале на силите на Наџаба на Хамас“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Полска: Укината е поддршката за домаќинствата кои обезбедуваат помош за украинските бегалци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/jm.jpg)
Полските власти најавија дека од денеска ќе стапат на сила измените на законот за помош на граѓаните на Украина, а во рамките на новите регулативи полските домаќинства кои обезбедуваат засолниште за бегалците повеќе нема да добиваат финансиска поддршка од полската влада.
Досега Полјаците кои беа домаќини на Украинците добиваа по 40 злоти дневно за секој кој престојуваше во нивното сместување, пренесува Полското радио.
Заменик министерот за внатрешни работи и државна администрација Мачеј Душчик рече дека системот се укинува поради големите злоупотреби.
Свет
Невработеноста во Австрија во јуни падна на 6,2 отсто, што е најниско ниво во последните девет месеци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bx.jpg)
Стапката на невработеност во Австрија падна во јуни од 6,4 отсто во мај на 6,2 отсто и сега е најниска во последните девет месеци, објави денеска австриската јавна служба за вработување (АМС).
Бројот на регистрирани невработени во Австрија се зголемил за 24.700 на годишно ниво, се наведува на веб-страницата на АМС.
Невработеноста во Австрија е во согласност со трендовите во еврозоната.
Свет
Од израелскиот затвор ослободени 55 Палестинци, меѓу кои и директорот на болницата Ал-Шифа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/vc.jpg)
Неименуван функционер на палестинското Министерство за здравство во окупираниот Појас Газа потврди дека Израел денеска ослободил 55 Палестинци од заробеништво, меѓу кои и Мохамед Абу Селми, директорот на главната болница Ал-Шифа.
Мохамед Абу Селмија беше уапсен во ноември 2023 година кога израелските сили извршија рација во болницата Ал-Шифа, според АП.
Во видео изјава емитувана на палестинските медиуми по неговото ослободување, Абу Селми ги обвини израелските власти дека ги подложуваат палестинските затвореници на „секојдневно физичко и психичко понижување“, но Израел веднаш ги отфрли таквите обвинувања.