Македонија
Превентивни активности на МВР
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на секторите за внатрешни работи Скопје, Штип, Куманово, Велес и Битола беа реализирани низа превентивни активности, велат од МВР.
„По повод одбележувањето на 18 Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе, Отсекот за превенција при СВР Скопје организира пет едукативни работилници во основни училишта на територијата на Скопје, односно во Драчево (ООУ ‘Климент Охридски’), во селата Кучевиште и Чучер Сандево (во ООУ ‘Кирил и Методиј’ и ООУ ‘Александар Урдаревски’), како и во населбите Шуто Оризари (ООУ ‘Браќа Рамиз и Хамид’) и Илинден (ООУ ‘Гоце Делчев’). Активност на истата тема беше спроведена и на подрачјето на СВР Штип, односно од страна на ОВР Свети Николе во светиниколското ООУ ‘Гоце Делчев’, како и во Куманово на повеќе локации во централното градско подрачје“, соопшти МВР.

„На подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Демир Хисар и Крушево, едукативни работилници на тема спречување зависности од дрога беа спроведени со средношколците од средните училишта ‘Ѓорѓи Наумов’ во Битола, потоа ‘Крсте Петков Мисирков’ во Демир Хисар и ‘Наум Наумовски-Борче’ во Крушево, а на подрачјето на СВР Велес на темата врсничко насилство беше реализирана едукативна работилница со учениците од основното општинско училиште ‘Блаже Конески’ во Велес.

Покрај ова, вчера, и полициски службеници од РЦ за гранични работи ‘Југ’ заедно со претставници од подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување – Кавадарци реализираа средби со жителите од населените места Крњево, Чемерско, Горна и Долна Бошава и одморалиштето ‘Михајлово’ на теми поврзани со превенција и заштита од пронајдени неексплодирани експлозивни средства и заштита од пожари“, се додава во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

