Свет
Во делови од Франција евакуирани аеродромите, училиштата и факултетите

Француските медиуми јавуваат дека вчера и денеска се евакуирани многу училишта и аеродроми поради закани за бомби.
Аеродромите во Монпелје, Нант, Бордо и во Лил беа евакуирани во текот на утрото, но како што сега јавуваат француските медиуми, постепеното отворање е во тек.
Франција веќе е во состојба на готовност откога 20-годишник со нож усмрти наставник на 13 октомври.
И Версајскиот дворец, една од главните туристички дестинации во Франција, беше привремено затворен на почетокот на неделата од безбедносни причини, вторпат за четири дена.
Во саботата, ден по убиството на учителот, парискиот музеј „Лувр“, Версај и железничката станица во Лион беа евакуирани поради лажна дојава за бомба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел го напаѓа Иран седма ноќ по ред

Израелската војска во четвртокот објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.
„Израелските воздухопловни сили во моментов спроведуваат серија напади врз Техеран и други области на Иран“, објави израелската војска на „Телеграм“.
Најавувајќи ги претстојните напади, израелската армија повика на евакуација на иранските села Арак и Хондаб, кои се наоѓаат во близина на нуклеарни постројки.
„Израелските одбранбени сили итно ги повикуваат жителите, работниците и сите присутни во иранските села Арак и Хондаб (…) да се евакуираат веднаш“, се вели во Телеграм.
Иранската противвоздушна одбрана беше активирана во центарот на Техеран и пресретна беспилотни летала над главниот град на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција СНН.
Свет
(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершеба на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад на израелска територија.
„Во нападот беше погодена болницата и беше предизвикана значителна штета во неколку области. Во моментов ја проценуваме штетата, како и бројот на потенцијални повредени“, се вели во соопштението на болницата.
Неколку минути претходно израелското Министерство за надворешни работи извести за „директен удар“ на важен објект каде се згрижуваат бројни израелски војници ранети во Појасот Газа.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
Иранските медиуми објавија дека Иран утринава истрелал проектили кон Израел.
„Технолошки напредни проектили летаат над Тел Авив“, објави новинската агенција Фарс, додека иранската државна телевизија директно емитуваше снимки од Тел Авив.
Иран утрово најави дека ќе го натера Израел да зажали и плати за сите свои напади, во седмиот ден од интензивната и невидена војна меѓу двете земји.
„Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана со гордост и храброст и ќе го натераме агресорот да зажали и да плати за својата тешка грешка“, напиша иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на „Икс“, обвинувајќи го Израел дека сака да го прошири конфликтот во регионот и пошироко.
Израелската војска претходно објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.
Свет
Трамп одобрил планови за напад на Иран, пишува „Волстрит журнал“

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но чека да види дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма пред да даде каква било наредба за напад, објави „Волстрит журнал“.
Трамп ги информирал своите високи помошници дека ги одобрил плановите, се вели во извештајот на весникот.
Претходно, на прашањето дали одлучил дали да ги нападне нуклеарните објекти на Иран, Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа, можеби и не“. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, возврати рече дека неговата земја нема да се предаде и предупреди дека секоја воена интервенција на САД ќе донесе непоправливи последици.