Црна хроника
Расчистени шест тешки кражби во Битолско, приведени четири лица

Вчера во село Могила, Битолско, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода 50-годишниот Б.Б., 40-годишниот Г.П., 48-годишниот Т.И. и 34-годишниот Р.О., сите од Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“, извести МВР.
– При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во с.Радобор, општина Могила. Пронајденото било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во Полициската станица Битола, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 21:40 часот во Битола, соопшти СВР Битола.
Според информациите, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во градот физички го нападнал 25-годишниот И.Л. од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и физички ја нападнал.
Полицијата интервенирала и го лишила од слобода осомничениот, а за случајот е известено и Јавното обвинителство.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од СВР Битола.
Топ
Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл.
15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го возилото, изгубило контрола и излетало од коловозот. На местото на несреќата починале таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница.
Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. На местото бил извршен увид.