Македонија
Без струја дел од село Батинци
Поради технички зафати во електро – дистрибутивната мрежа, денеска од 8:30 до 16:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од селото Батинци, како и објектите на Живинарската фарма – Батинци и ЈП Дрисла, општина Студеничани.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре од 4:00 до 7:00 часот, без струја ќе бидат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу Кванташки пазар, сите индустриски објекти на ул. „Перо Наков“, како и корисниците од населените места Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци во нивните редови и лица блиски со нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владеењето на СДС и ДУИ е забележано со бројни криминални и корупциски скандали, таков е последниот во МЕПСО каде постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра пари на граѓаните. Компанијата, под водство на лица од овие партии, склучила договор за набавка на уред за три милиони евра поскап од предвидениот План за развој, кој самите го донеле.
Под водство на Зуди Енуз од, така наречениот, фронт на ДУИ и поставен од СДС, во јуни годинава МЕПСО склучил договор со албанска фирма „Шанси Инвест“ за набавка на уред за корекција на напонски профил на трансформаторска станица. Во Планот за развој на електро преносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година, буџетот предвиден за уредот за корекција изнесува 2.8 милиони евра, а во договорот склучен со оваа фирма истиот уред изнесува 5.864 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од планираното.
Дополнителен загрижувачки факт е што на овој тендер албанската фирма Шанси Инвест учествува со Далековод АД Загреб, која е фирма за производство на таквиот вид на опрема и која се јавува како поголем партнер во конзорциумот.
Од сето ова се покренуваат сомнежи за улогата на албанската фирма кога истата опрема доаѓа, можела да се набави и да биде монтирана директно од фирмата производител. Дали Шанси Инвест е фирма која послужила за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното?
Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори случај и да истражи во чии џебови завршила разликата од три милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, Обвинителството мора да постапи, бара СДСМ
„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија“, велат од СДСМ.
„Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски.
За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени.
Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски?
Тошковски штити некој што прекршува закон? Или за него партиската припадност на Христовски е карт бланш дека не смее да биде гонет?
МВР би требало да има исти критериуми и да постапува по закон, неселективно а не да штити прекршување на законите.
Го повикуваме Тошковски да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните.
Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности трева да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ“, соопшти СДСМ.
Македонија
„Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото.
Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.