Македонија
Акцелератор кој не е во функција и фиктивни набавки во болницата во Битола, а никој не одговара

Во врска со Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија при спроведената последна ревизија во Болницата во Битола има констатирано дека во Болницата има акцелератор кој не е во функција. Дополнително, во текот на 2021 и 2022 година спроведени се 15 постапки за набавка на лабораториски потрошен материјал во износ од 76.709.000 денари, наоди од Ревозорскиот извештај и ставот на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:
Во просториите на Болницата во посебен објект (бункер) сместен е линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција. Според сознанијата на Ревизија, Министерството за здравство има спроведено повеќе постапки поврзани со овој акцелератор. Имено во текот на 2012 година, 2013 година и 2017 година.
Ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на Болницата во соработка со Министерството за ставање на апаратот во употреба
Не смее да има фиктивни постапки за набавки. Клиничката болница обезбедува директна корист за економските оператори и за веледрогериите преку фиктивни постапка за јавна набавка на лабораториски потрошен материјал, кои се однесуваат за однапред познат производител кој е како единствен учесник во постапката и склучува договор по цена што нему му одговара.
Сметаме дека ваквата фиктивна постапка е девијантана појава која е од лукративна природа, односно разработена формула за изигрување на членот 5 од Законот за јавните набавки, спротивно на начелото за конкуренција и спротивно на начелата на еконоичност, ефикасност и ефективност при користење на јавните средства
Како резултат на горенаведените аномалии во работењето на Клиничката болница, постои разлика во цената на истите услуги, односно за анализи од ист вид, а во зависност од цената на лабораторискиот потрошен материјал за различен апарат, која надминува од 50 до 100% во однос на првично договорената
Постапувањето на Болницата не е во согласност со член 4 од Законот за јавните набавка, односно самото „непостапување“ е спротивно на начелото на економичност, ефикасност и ефективност при користење на јавните средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Пожарот во ловиштето Јасен на едно место ни избегна од контрола иако цело утро истуравме тони и тони вода“, рече Ангелов.
Во прилог на видеото, директорот посочи дека повторно во еден дел може да се забележи силно разгорување, преку патот каде што преминал огнот.
Дополнителен проблем е и ветрот кој за сето време засилено дува.
Премиерот, Христијан Мицкоски, претходно денес соопшти дека пожарот најверојатно, според сведочењата на очевидците, бил разгорен по удар од гром.
Македонија
Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе неколку дена вработени во ДЗС, припадници на специјалните единици на МВР и Министерството за одбрана се борат со пожарот.
„Пожарот е делумно под контрола, иако во позадина има огромни јазици пламен. Дејствуваат воздухоплови, Ер трактори и хеликоптери, а се надевам дека наскоро ќе биде ставен под целосна контрола“, изјави Мицкоски, додавајќи дека се прават натчовечки напори при неговото гаснење.
Тој посочи дека вчера на територијата на државата имало околу 34 активни пожари, од кои 33 биле изгаснати, а денеска останатиот дел од територијата е целосно под контрола, без активни пожари, иако состојбата се менува од минута во минута.
Премиерот упати благодарност до сите кои учествуваат во гаснењето и потсети на тешката состојба со пожари на Балканот, каде што во некои држави има и човечки жртви.
Мицкоски апелираше граѓаните да се придржуваат кон забраната за движење во шуми и наведе дека според сведочењата на терен, пожарот во „Јасен“ е предизвикан од удар на гром.
Македонија
Уште гори кај Јасен – регистрирани седум пожари во државата

До 12 часот денеска во земјата се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати.
Активни пожари има во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, на Октишка Краста во општина Струга и во атарот на селото Могила во истоимената општина, соопшти ЦУК.
Под контрола е пожарот меѓу селата Радуша и Дворце во општина Сарај, а изгаснати се пожарите кај селото Челопеци во општина Кичево, кај селото Крапа во општина Македонски Брод и во атарот на селото Нерав, местото наречено Биљино, во општина Крива Паланка.