Македонија
(Видео) Ристова: Силна поддршка за земјоделството и стопанството, 98% искористеност на ИПАРД средствата од ЕУ
Земјоделство е една од најзначајните македонски гранки, кои СДСМ во изминатите години успешно ги развива со силна поддршка и реални политики во интерес на земјоделците, рече на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ Лолита Ристова.
– Дополнително обезбедивме и силна поддршка за земјоделците преку европските програми, за инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка. Со ваков пристап, станавме лидери во искористеност на ИПАРД средствата од 98% и прва земја во регионот којашто е подготвена да започне со ИПАРД 3 програмата. Ја поедноставивме административната процедура, ги доближивме мерките до сите заинтересирани, и најважно, земјоделците ги препознаа придобивките. Резултатот е склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и нови неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. 60% повеќе пари за македонското земјоделство и стопанство. Ова е пример како вистинските политики, поддржани од ЕУ даваат конкретни резултати, – рече Ристова.
Таа апелира до сите заинтересирани земјоделци и агробизнисмени, производители на храна да ги искористат мерките од ИПАРД 3 програмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

