Македонија
Мицкоски до Ковачевски: Нека напише било кој датум помеѓу двата најголеми верски празници и да одржиме парламентарни и претседателски избори
„Разбирам дека Ковачевски велат никој не го слуша во владата, зошто ниту министрите, ниту вицепремиерите, а ниту кај него во партија му имаат почит. Затоа човекот е оддаден на шетање по светот, ручеци по компании и закуски, но мора да се договори датум за редовни избори. Нека земе бел лист хартија нека напише било кој датум сака помеѓу двата најголеми верски празници идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој потенцираше дека ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот.
„Народот треба масовно во огромен број да им ја прати пораката на овие избори – нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека јасно е дека паѓаат. „Тие може да водат само на анкета напишана во штабот на СДС инаку каква е вистината тие се под својот минимум како структура. Немаат никаква поддршка, а членството им е разочарано“.
„Но и кога се поразени тие дополнително се валкаат и во срамот уште повеќе заглибуваат. Оваа влада преку одбегнување да се договори датум за избори оди кон свесно предизвикување на уставна и политичка криза. Срамота е што преку медиуми се договаравме и лиферуаваме датуми за редовни избори“, заклучи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали: Посветени сме на реформите и постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ
Министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали, учествуваше на седницата на Комитетот за стабилизација и асоцијација (КСА), со која претседаваше заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. На седницата беше направен пресек на постигнатиот напредок во европската интеграција и беа утврдени приоритетите за наредниот период.
„На состанокот беше потврдена посветеноста на Владата на сигурен напредок на европскиот пат, со фокус на испорака на конкретни реформски резултати, особено во областа на владеењето на правото, јавната администрација и функционирањето на демократските институции“, соопштија од кабинетот на министерот.
Во тој контекст, било нагласено дека постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ веќе носи опипливи придобивки за граѓаните и бизнисите.
„Иницијативи како СЕПА, WiFi4WB, како и претстојните проекти во областа на роамингот и индустриската усогласеност, придонесуваат за намалување на трошоците, подобра поврзаност и отворање нови можности за компаниите и младите. Овие чекори, беше истакнато, покажуваат дека европската интеграција не е само долгорочна политичка цел, туку процес што веќе носи конкретни придобивки во секојдневниот живот на граѓаните. Северна Македонија останува фокусирана на реформите, зајакнувањето на институциите и сигурниот напредок кон полноправно членство во Европската Унија“, се наведува во соопштението.
Македонија
„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации
Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините во 2024 и 2025 година.
„Од октомври 2024 до октомври 2025 година, Владата испланира 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините, и од тие пари им одобри 112 милиони евра преку шест министерства.
Со првата одлука од октомври 2024 се распределени 71,1 милиони евра за 288 општински проекти, избрани на претходно објавен јавен оглас. Со втората одлука од јули 2025, распределени се дополнителни 41,4 милиони евра за 828 проекти. Од првата транша пари не им неа одобрени на Град Скопје, Струмица и Сарај, а од втората само на Град Скопје“, се истакнува во извештајот.
Според истражувањето, како што е наведено, веднаш по завршувањето на изборите, Владата направила значително кратење на парите во Буџетот за овие проекти кои, од почетните 250 милиони евра, се намалени на 149 милиони евра.
„По општини, најмногу пари, над 5 милиони евра секоја, им беа одобрени на Битола (5,6 мил. евра), Тетово (5,5 мил. евра), Куманово (5,3 мил. евра) и Аеродром (5,3 мил. евра), а блиску до нив е и Прилеп (4,4 мил. евра).
– По жител, највисоки износи се одобрени за: Демир Капија (99 евра), Желино (82 евра), Свети Николе (79 евра), Градско (78 евра) и Кратово (76 евра). Најмалку пари по жител има за: Град Скопје (0 евра), Струмица (16 евра), Сарај (23 евра), Центар (41 евро) и Кичево (49 евра).
– Само за 11 проекти (нецел 1 %), односно 4,3 милиони евра (нецели 3 %) од средствата може да се процени дека директно се однесуваат на подобрување на условите за живот и работа на жените, младите и маргинализираните групи. Вакви проекти имаат 9 општини и од 11-те проекти, 10 се за млади, 1 за маргинализирани групи, и ниту еден за жени.
Врз основа на клучните наоди, може да се заклучи дека:
– Одобрените средства од Владата за општините од т.н. Унгарски кредит беа значајна „инјекција“ за општините во предизборните месеци, зголемувајќи ги просечно:
– за 92 % – износите на капитални расходи во буџетите на општините за 2025 година, во однос на реализацијата од 2024 година;
– за 37 % – буџетите за 2025, во однос на реализираните буџети за претходната година, и
– за 40 % – јавните набавки на општините во 2024 година, во однос на 2023 година.
– Средствата не беа рамномерно распределени на општините, ниту по број на жители, ниту по износ.
– Најголем дел од градоначалниците интензивно ги промовираа проектите во годината на локалните избори и во предизборието.
– За разлика од засиленото промовирање на проектите на почетокот, во 2024 и во 2025 година, речиси немаше слични јавни известувања и за значителното намалување на парите за проектите, по локалните избори, ниту образложение за причините за кратењето на средствата.
– Проектите беа квалификувани како „развојни“, бидејќи е предвидено нивно финансирање во тригодишен период иако значаен дел од нив се поправки, реконструкции или изградби на улици и слични локални инфраструктурни зафати.
– Отсуствуваат јасни информации како ќе се врши плаќањето на фирмите во период од три години, а за завршените проекти во 2025 година.
– Најголем дел од огласите за јавни набавки за првата транша на проектите предвидуваа кратки рокови за изградба на проектите, најчесто до октомври 2025 година, односно до месецот на одржување на локалните избор“.
Според наведеното, во значаен дел од анализираните општини се забележува доминација на една или на неколку фирми кои ги добиле договорите за јавни набавки за изградба на проектите, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Македонија
Сѐ уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, велат од СДСМ
Според СДСМ, повеќе од една недела нема одговори за најголемиот нарко-скандал во регионот, заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија.
Прашуваат како 5 тони дрога, во неколку камиони ја преминале границата.
„Кој ќе одговара?
Фактите упатуваат дека без поддршка од структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции, ваква масовна шверцерска операција е невозможна.
Според неофицијални информации објавени во српските медиуми, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од американската DEA.
Затоа е молкот и паниката во врвот на власта.
Станува збор за скандал од огромни размери, кој го оголува длабокиот криминал и на владата предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски“.
СДСМ бара итна, независна и транспарентна истрага, која ќе даде одговори на како што велат, неколку прашања.
„Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку македонската граница?
Кои структури во институциите ја овозможиле оваа криминална операција?
Дали лицето Симе, кое јавноста го виде на фотографии со Мицкоски, е дел од оваа мрежа?
Сите што се вмешани, без разлика на функцијата мора да одговараат и ќе одговараат“.

