Црна хроника
(Фото) Претреси на две локации во Куманово, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

Денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР, по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес на две локации кај 29-годишниот М.Д., извести МВР
– При претресот во викенд куќа во место викано „Стари лозја“ во Куманово, атар на нас.Карпош, била пронајдена марихуана, а при претресот во неговиот дом во Куманово пронајден бил пиштол „Валтер“ кал.7.65мм. и 11 куршуми кал.7.65мм, соопшти МВР.
Лицето не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известено ОЈО Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.