Свет
(Видео) Хамас го нападна целото семејство: „Рекоа дека нема да пукаат, а потоа ја убија мојата ќерка“
Кога Цахи Идан беше одведен во Газа, неговите раце сè уште беа покриени со крвта на неговата 18-годишна ќерка Мајан, која беше убиена од милитантите на Хамас. Ја држел во последните моменти од нејзиниот живот, а напаѓачите подоцна не му дозволувале да си ги измие рацете.
За тоа време членовите на Хамас го снимија и емитуваа целиот настан на Фејсбук. Гали Идан, сопругата на Цахи, сега е далеку од својот сакан Нахал Оз, една од многуте израелски заедници нападнати од Хамас на 7 октомври. Таа и нејзините преживеани деца биле сместени во друг кибуц.
На 7 октомври семејството го разбуди звукот на ракетен напад од Газа. Ваквите ситуации им биле познати од порано, но тоа утро нешто било поинаку, пишува Би-би-си.
„Беше многу интензивно. Слушнавме експлозија по експлозија. Не можевме ни да излеземе. Се заклучивме во мамад, безбедна соба во куќата. Јас и Цахи се погледнавме, знаевме дека нешто не е во ред и нешто страшно се случуваше“, изјави Гали Идан.
„Добивме пораки дека има напад на кибуцот и дека треба да се засолниме во мамадот. Во еден момент не советуваа да бидеме тивки бидејќи терористите влегле во кибуцот. Мора да разберете дека такво нешто никогаш не било опција. Никогаш. Секогаш беше најлошиот кошмар. И одеднаш, беше реално. Кошмарот беше реален“, додаде таа.
Потоа нешто експлодирало пред куќата и ги искршило прозорците. После тоа во куќата се слушнале гласови и чекори. Некој извикал на англиски: „Нема да пукаме“. Но, тоа не беше вистина.
Maayan Idan Z´L
Fue asesinada frente a sus padres ya sus hermanos. Los terroristas lo transmitieron en vivo. Su papa continua desaparecido.
Nosotros recordamos
Que el mundo no olvide!#StopTerrorism #StopHamas pic.twitter.com/WYFYAGDLyk— ╰☆☆ 𝐏𝑜𝕊i ☆☆╮ (@la_posita) October 22, 2023
Цахи ја држеше вратата од безбедната соба, се обиде да ги спречи да влезат. На вратата немаше брава. Децата врескаа. Во собата беше хаос. Тогаш Мајан виде дека малку ја отворија вратата и отиде да му помогне на нејзиниот татко. Тие викаа дека нема да пукаат, а потоа пукаа“, рече Гали Идан.
„Цахи виде дека Мајан е погодена. Таа падна до него, а потоа Хамас успеа да ја отвори вратата. Се слушнаа крици и тие ја запалија светилката. Мајан беше во огромен локва крв. Ја погодија во главата. Тие викаа да излеземе од собата. Само им рековме на децата да не гледаат и ги извадивме од безбедната соба“, рече таа.
Цахи, Гали и нивните две најмали деца, Јаел (11) и Шачар (9), седеа на подот додека околу нив одекнуваа пукотници. Еден од членовите на Хамас го зел мобилниот на Гала, ја побарал лозинката и почнал да го снима семејството во живо на Фејсбук. На видеото кое трае речиси половина час, се гледа како семејството клечи на подот и се слушаат сирени. Сето тоа време безживотното тело на Мајан беше во нивна близина, на неколку метри.
„За среќа, децата беа исклучително храбри. Разговараа со терористите, не знам како можеа. Ги прашаа зошто се тука, зошто пукаат и зошто убиваат. Можеби тоа не спаси? Цахи беше скршен. Ја виде ќерката како умира покрај него. Мајан штотуку го прослави својот 18-ти роденден. Куќата беше полна со балони и крв“, раскажа мајката.
На крајот милитантите му рекоа на Цахи да стане. Рацете му биле врзани зад грб. Децата го молеа Хамас да не им го одземе таткото, да не го убива. Но, го одведоа.
„Кога излезе од дома му реков дека го сакам, да не се прави храбар и да се врати жив. Тоа е тоа. Сакам да ми се врати, во еден дел и здрав. Цахи да биде до нас. Сакам да го гушнам“, рече Гали.
Израелските власти соопштија дека Хамас држи во заложништво повеќе од 200 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за Си-Ен-Ен, додека тој размислува да ги спроведе своите неодамнешни закани да ја нападне иранската влада доколку таа употреби смртоносна сила против цивили.
Функционерите рекоа дека Трамп бил запознаен со различни планови за интервенција, бидејќи насилството во земјата доведе до десетици жртви и апсења. Некои од дискусиите вклучувале и опции што не подразбираат директна воена сила на САД.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, велат американските функционери.
Сепак, постојат загрижености во администрацијата дека воените напади може да се вратат како бумеранг и да ја ослабат поддршката за протестите. Функционерите истакнаа дека нападите можат ненамерно да ги обединат Иранците во поддршка на владата или да предизвикаат Иран да возврати со своја воена сила.
Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледува можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите што ги разгледува не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопшти висок функционер од Белата куќа.
Според американската агенција за човекови права HRANA, од почетокот на протестите пред две недели, кога се прошириле низ сите 31 провинции на Иран, загинале 116 лица. Сè уште не е јасно дали бројката целосно ја отсликува големината на жртвите, поради националниот прекин на интернет и телефонските линии.
„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Трамп претходно изјави дека ако Техеран користи смртоносна сила против протестанти, САД ќе се вклучат.
„Јас јасно реков дека ако почнат да убиваат луѓе како што правеле порано, ние ќе се вклучиме. И тоа не значи стапала на терен, туку удари таму каде што боли многу, многу силно.“
Секретарот за надворешни работи Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за тековните протести, како и за ситуацијата во Сирија и Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја „набљудуваат ситуацијата“ во Иран, додека земјата влегува во третата недела на антивладини протести. „Протестите се внатрешно иранско прашање. Сепак, ИДФ е подготвена одбранбено и постојано ги подобрува своите капацитети и оперативна подготвеност“, се наведува во соопштението.
Свет
Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466
Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права.
Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203.
Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие целосна документација, но дека бројот на загинати демонстранти постојано расте. Центарот за човекови права во Иран добил сигурни информации од сведоци дека стотици демонстранти биле убиени во последните денови.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
И покрај репресијата, протестите продолжија и вчера, а се очекувале нови демонстрации вечерва.
Свет
Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле
Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.
Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.

