Регион
Властите во Словенија го осудија повикот на Јанез Јанша до луѓето да се вооружат: „Целосно неодговорно, ова е демократија!“

Владејачката коалиција во Словенија денеска го осуди повикот на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша луѓето да се вооружат по пропалестинскиот митинг, што се одржа во четвртокот во Љубљана.
Лидерите на партиите од владејачката коалиција го нарекоа неговиот повик „целосно неодговорен“, пренесе агенцијата СТА.
On pro-#Palestine demonstration in #Ljubljana, #Slovenia, protesters also shouted anti-#Hamas paroles to support #Israel victims of Hamas massacres. pic.twitter.com/qIDxvSjxti
— Kajtimir Vojsk (@Kajtimir_Vojsk) October 19, 2023
Тие во заедничкото соопштение велат дека повикот на поранешниот премиер, лидер на опозициската Словенечка демократска партија, е во спротивност со напорите на меѓународната заедница. Јанша, претходно, на платформата Х („Твитер“), по пропалестинскиот митинг, напиша: „Работите стануваат сериозни“. Вооружете се, легално“.
Лидерите на владејачката коалиција порачаа дека Словенија е демократска земја заснована на владеење на правото со силни институции во служба на редот и безбедноста.
„Безбедноста на луѓето е на прво место, затоа Владата е активна во следење на состојбите и преземање на сите неопходни мерки. Ги осудуваме ширењето паника, омразата и популизмот и го отфрламе повикот на вооружување. Ваквите повици се спротивни на модерната и демократска Словенија и не се во духот на Европа заснована на солидарност“, наведуваат од коалицијата.
Словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар исто така го осуди повикот на Јанша за оружје велејќи дека таквите изјави треба да се третираат многу сериозно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.