Забава
Хари и Меган исмеани во анимирана серија
Анимираната комедија Family Guy не е обожавател на кралските архетипови.
Комедијата на „Фокс“ не се плашеше да упати неколку навреди кон принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, во епизодата што се емитуваше во неделата навечер.
Во серијата, сега во својата 23. сезона, цртаните верзии на војводата и војвотката од Сасекс се појавуваат покрај базен откако главниот лик Питер Грифин се споредува себеси со кралската двојка додека седи во бар со своите пријатели.
Загрижен дека нема да може да ги врати парите што ги должи, Грифин одлучува дека најдоброто решение ќе му биде да му се спротивстави на светот исто како што направија Хари и Меган во 2020 година кога ги соопштија своите планови да се повлечат од кралските должности во рамките на британската монархија.
„Ќе одам сам, исто како Меган Маркл и принцот Хари“, вели Грифин алудирајќи на нивното неславно напуштање на Британија и преселбата во Америка.
Поранешната актерка (42) и принцот (39) бе цел на анимираната комедија затоа што заработиле милиони фунти од „Нетфликс“ за „да прават никој не знае што“.
Во епизодата Питер Грифин се споредува себеси со Сасекси, кои имаат договор од 81 милион фунти со стриминг-гигантот „Нетфликс“.
Сцената потоа се свртува кон парот, кој се излежува покрај базен во Калифорнија додека батлер им носи пари и му вели на Хари: „Господине, вашите милиони од ‘Нетфликс’ за… никој не знае за што“.

Тон-верзијата на Хари одговара: „Стави ги кај другите“,

Меган потоа му вели на Хари: „Бебе, време е да ја направиме нашата дневна објава за ‘Дел тако’ на ‘Инстаграм’ спонзорирана со 250.000 долари“.
Британскиот принц и неговата американска сопруга потпишаа повеќегодишен договор со „Нетфликс“ за продукција на разни програми. Двојката, која се пресели во Калифорнија со својот син по откажувањето од кралските должности во Велика Британија, се обврза да снима документарни филмови, документарни серии, играни филмови и програми за деца.
„Меган и Хари“, првата серија од шест дела, се најде на насловните страници кога беше објавена во 2022 година и го достигна врвот на топ-10 листата на „Нетфликс“. Но, првата соло серија на Хари на „Нетфликс“, Heart of Invictus, не успеа да се најде во првите десет најгледани содржини на стримерот на денот на нејзиното објавување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

