Македонија
Царинската управа: Запленети 20 илјади евра, што македонски државјанин сакал да ги внесе во државата без да ги пријави
Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд запленија речиси 20 илјади евра, што македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детаљна контрола на возилото со кое лицето патувало.
Имено, на 22 октомври, македонскиот државјанин, кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само 10-ина илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра. Поради постоење сомнеж, царинските службеници извршиле детаљна контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, што лицето не ги пријавило и за нив не поседувало документ за потекло.

Во согласност со Законот за девизното работење, на патникот му се вратени 10 илјади евра, а другите 19.950 евра се привремено задржани и во согласност со регулативата ќе бидат предадени во Народната банка. Против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок.
Царинската управа известува дека при секој влез во државата патниците може слободно да внесат девизи во износ до 10.000 евра од лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари – девизи над 10.000 евра, лицата се задолжени да ги пријават на царинскиот орган.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

