Црна хроника
Уапсени двајца од Радовиш, полицијата пронашла марихуана
Вчеравечер, во 22 часот, во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода 26-годишните С. С. и С. В., двајцата од Радовиш, извести МВР.
„При преглед на патничкото возило ‘алфа ромео’, со радовишки регистерски ознаки, управувано од С. С., во кое сопатник бил С. В., била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на С. С.“, соопшти МВР.
Во службениот разговор во Полициската станица Радовиш, С. С. признал дека поседува марихуана и во својот дом по што ја предал на полициските службеници.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.