Македонија
„Криминалци и убијци се бараат преку социјалните мрежи“ – Чулев го критикува МВР оти пукачот од „Ист гејт“ уште не е фатен

Од полиција со меѓународен кредибилитет и реноме, станавме институција што криминалците и осомничените за убиство ги брка преку социјалните мрежи, коментира поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Вели дека речиси 24 часа по вчерашниот настан во Скопје и покрај фотографијата од безбедносните камери, Министерството за внатрешни работи сè уште нема одговор за тоа кој пукаше во двете лица во шопинг-центар во централното градско подрачје.
„Оливер Спасовски и раководството на МВР, кои до вчера нè убедуваа дека полицијата расчистила со криминалните групи од Грчец, Арачиново и од Чаир, веројатно, по 7 години, сè уште не сфатија дека борбата со криминалот и намалувањето на стапката на криминалитет не е статистичка работа и не се прави преку телевизија и социјални мрежи. Борбата со криминалот и со криминалните групи не е политичка кампања, фотографирање за социјалните мрежи и кампања за претседателски избори“, вели Чулев.
Додава дека вчерашниот и низата настани што се случија во изминатиот период претставува сериозно нарушување на јавната безбедност од проста причина што се случија во центарот на Скопје и во објекти со 24-часовно обезбедување.
„И тие со причина предизвикаа сериозна загриженост и паника кај граѓаните. Затоа што вчера и во сите настани претходно многу лесно можеше кој било од нас, кое било дете или случаен минувач да биде жртва или повреден затоа што тие се случија на места со голема фреквенција на народ и раздвиженост.
Во Министерството за внатрешни работи работат сериозни и докажани професионалци, со дигнитет и познавање во работата. Редно време е да ја тргнеме политиката настрана и да покажеме грижа за државата и граѓаните и нивната безбедност“, смета Чулев.
Како што заклучува, неопходно е Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедноста да ги стават на располагање сите свои ресурси и да преземат мерки и активност за расчистување на вчерашниот настан и на настаните претходно и враќање на сигурноста на граѓаните и безбедноста на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.