Забава
Изабела Роселини целосно неретуширана на корицата на италијанскиот „Вог“
Изабела Роселини, која „Ланком“ ја отпиша пред да наполни 43 години дека била стара, сега е на насловната страница на октомвриското издание на италијанскиот „Вог“.
Компанијата за убавина на крајот ја увиде својата грешка и ја повика назад во 2016 година, потсетуваат медиумите.
Изабела сега има 71 година и збрчкано изгледа шик и кралски. Фотографијата е многу поприближна, попривлечна и шармантна во споредба со други жени од насловни страници, повеќето од нив ретуширани, сметаат познавачите. Според нив, максималното фотошопирање е целосно поразување на субјектот.
„Отфрлете го ‘ејџизмот’, може ли да имаме поискрен приказ на убавината?“

Во придружното интервју за „Вог“, Изабела – модел, актерка, сопственик на органска фарма – вели: „Токму тоа го барам од модата и козметиката. Сметам дека е многу редуктивно да изгледате помладо од својата возраст и во секој случај тоа е изгубена битка. Го замолив ‘Вог Италија’ да не ги ретушира фотографиите и да ме остави со моите брчки. Ако на 43 бев стара, сега на 71 сум таман. Франческа Рагаци, која го води списанието, прифати: новите генерации бараат помодерни и поинтелигентни дефиниции за убавина“.
Светските шоу-биз медиуми коментираат дека важно е за помладите жени, а и за сите жени, да имаат инспиративен модел за убавина. Жени што му пркосат на притисокот да изгледаат младо, без оглед на недостижните стандарди за убавина во индустриите за манекенство, глума и мода.
Според стандардите на модната индустрија, моделите и манекенките над 30 се стари, но работите почнуваат да се менуваат. Многу се пишува и се зборува гласно за „ејџизмот“ и за агресивното форсирање на естетската хирургија во модната и во филмската индустрија. Ретко се случува да видите некоја ѕвезда што ќе добие медиумски простор ако не се „подмладува“ до граници на непрепознатливост.
Насловната на „Вог“- без фотошоп, без филтри и разубавувачи – е секако голема шлаканица за „ејџистите“.
Изабела се појави 38 пати на насловната на „Вог“ и беше најплатениот модел на светот по потпишувањето договор со „Ланком“. Рекламира нивни парфеми, кармини и козметика за лице речиси една деценија сè додека не наполни 43 години кога ѝ го прекинаа договорот дека била стара. Некои таблоиди се навратија на поранешните корици на ова модно списание, а кои ги краси токму таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најголемите мрзливци се раѓаат под овие знаци: Не можете да ги натерате да сработат
Во секојдневниот живот, често забележуваме луѓе кои постојано ги одложуваат обврските, ги избегнуваат одговорностите или наоѓаат изговори за работите што мора да ги направат.
Според астрологијата, таквото однесување понекогаш е поврзано со одредени особини кои се нагласени кај некои знаци.
Иако мрзеливоста може да се појави кај секој поединец, некои хороскопски знаци се повеќе склони кон пасивност и избегнување на напор.
Наместо акција, тие претпочитаат да изберат одмор или да чекаат работите сами да се решат. Астрологијата тврди дека ваквите обрасци се особено истакнати кај овие три хороскопски знаци.
Бик
Луѓето родени под знакот на Бик се познати по својата љубов кон удобноста и рутината, што често ги прави мрзливи. Кога ќе проценат дека некоја обврска не им носи корист или задоволство, лесно ја ставаат на чекање. Не сакаат да брзаат или да вршат притисок, па затоа претпочитаат да изберат побавно темпо, дури и ако тоа значи одложување на одговорностите.
Ако се чувствуваат удобно, ќе ви биде тешко да ги мотивирате да вложат дополнителен напор. Тие се најактивни само кога се сигурни дека напорот што го вложуваат ќе се исплати.
Риби
Рибите често бегаат од реалноста во својот свет на фантазии, поради што одговорностите имаат тенденција да бидат ставени во втор план. Луѓето родени под овој знак тешко се справуваат со притисоците и барањата на секојдневниот живот, па затоа сакаат да ги избегнуваат. Наместо конкретни задачи, тие претпочитаат да сонуваат со нетрпение, да се одморат или да се повлечат.
Тие често чекаат инспирација или „вистински момент“ што никогаш не доаѓа. Поради ова, тие можат да изгледаат пасивни и незаинтересирани за одговорностите што ги опкружуваат.
Лав
Иако сакаат да бидат во центарот на вниманието, Лавовите знаат како да ги избегнат одговорностите што не се доволно интересни за нив. Луѓето родени под овој знак тешко наоѓаат мотивација за задачи што не го хранат нивното его или не им носат признание. Ако сметаат дека нешто е здодевно или под нивното ниво, ја препуштаат работата на другите.
Тие би сакале да чекаат некој друг да преземе иницијатива отколку самите да се вклучат. Нивната мрзеливост најчесто се гледа во секојдневните, рутински обврски.
Забава
(Фото) Сцена за паметење: Нејзиното жешко тело го „стопи“ целиот мраз
Роузи Хантингтон-Вајтли неодамна позираше за моден бренд на необична, но идилична локација. Тоа е бајковит зимски пејзаж украсен со снежна покривка, а сега и женска фигура.
Познатата манекенка позираше во бело бикини кое го истакнуваше нејзиното убиствено тело и извајани стомачни мускули, а на својот стајлинг додаде бела крзнена јакна и шапка.
Зимскиот амбиент – снег, борова шума и планински врвови, послужи како совршен контраст на оваа жешка верзија на прекрасната манекенка.
Таа објави фотографии од снимањето на Инстаграм со краток опис:
„Надвор е ладно“, напиша таа, а потоа започна лавина од коментари од нејзините обожаватели на мрежите.
„Го топиш мразот“, „Твојот сопруг има среќа“, „Дива“, „Гориш“, „Ледена кралица“, се само неколку…
Забава
Холивудската заводничка ја открива тајната на бракот: „Сè е во тие 15 минути“
Актерката Џенифер Лоренс, која неодамна стана мајка по втор пат, овој пат се отвори и проговори за својот брак со Кук Марони, со кого е во брак од 2019 година, иако гласините за нивната врска започнаа во 2018 година.
Џенифер беше гостинка во подкаст наречен „SmartLess“ и во таа прилика даде уште неколку детали за нејзиниот однос со нејзиниот сопруг, што е вистинска реткост кога станува збор за неа.
„Се омажив за некој што е моја целосна спротивност. Да, тој е толку организиран. Сè е на свое место со него. А јас, на пример, морам да се осигурам дека ја затворам вратата од плакарот и дека имам некои ситници што треба да ги направам. За да не ни стане рутина, имам дозволени 15 минути“, рече Џенифер.
Се чини дека овие „15 минути“ го спасуваат нејзиниот брак, па можеби и други луѓе можат да го применат нејзиниот рецепт.
Џенифер претходно во интервјуа изјави дека обожава да поминува време со својот сопруг, а нивната омилена заедничка активност е одењето на шопинг.
Дури и кога ја објавија својата свршувачка, Лоренс рекла дека тој е „најдобрата личност што ја познава“ и дека одлуката да се омажи била премногу лесна за неа.

