Македонија
Мицкоски очекува Урсула фон дер Лајен да излезе со позиција за безусловен почеток на преговорите со ЕУ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски рече дека од посетата на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, очекува таа да излезе со позиција нашата држава да добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ и дека без дополнителни условувања ќе ги отпочнеме преговорите, иако како што потенцираше, свесен е за недостатоците што ги имаме на домашен план.
„Ценам дека на тој начин ќе се одаде признание и на државата и на граѓаните за сето она кое што го направија изминативе 23 години, од првиот ден кога беше потпишан Договорот за стабилизација и асоцијација, и ќе се одаде признание и почит кон сите понижувања и омаловажувања, кои што мораше граѓаните да ги издегистираат, од промената на националното знаме па се до насилната промена на уставот и уставното име“, вели Мицкоски.
Тој очекува вакво признание од Урсула фон дер Лајен, посочувајќи дека „иако малку го почитува овој народ и држава, тоа е најмалку што може да направи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

