Македонија
Вечерва почнува зимското сметање на времето, Гренланд за првпат нема да ги врати стрелките на часовникот
Од вечерва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад и ќе биде 2 часот.
Пред 2 години праксата на менување на стрелките на часовникот „напред-назад“ требаше да биде укината. На онлајн анкета, 83% од граѓаните на ЕУ гласаа дека стрелките на часовникот не треба да се менуваат, оти тоа им предизвикува проблеми со здравјето. Европскиот парламент ја изгласа одлуката, а топката сега е кај членките на ЕУ кои мора да се усогласат и да кажат дали и во иднина ќе има зимско и летно сметање на времето. Досега владите немаат заеднички став.
Но, жителите на Гренланд, вечерва за првпат нема да ги вратат стрелките на зимско сметање на времето. Наместо да ги вратат стрелките на часовникот, гренландските власти одлучија трајно да останат во постоечката временска зона.
Во недела поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, ќе го поместат часовникот за еден час наназад и на тој начин ќе се префрлат од летно на зимско сметање на времето.
Сепак, на Гренланд наместо претходните четири часа ќе биде три часа помалку од Данска. Малиот град Итокортормит на истокот на Гренланд е единствениот дел од островот кој во недела ќе го врати часовникот назад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

