Регион
Град Белград им дава до 109 илјади динари на семејствата кои имаат тројки, четворки, петорки, шест и двојни близнаци

Сите родители на тројки, четворки, петорки, шест и двојни близнаци имаат право на постојан паричен надоместок од касата на Град Белград, кој се исплаќа еднаш годишно.
Секретарот за социјална заштита на град Белград, Петар Јордановиќ вели дека на родителите ќе им се исплаќаат од една до три просечни плати, а пријавувањето е започнато.
– Градот Белград преку Секретаријатот за социјална заштита им дава парична помош на родителите кои имаат тројки, четворки, петорки, шестобраќа и двојни близнаци. Паричната помош изнесува една просечна плата на Град Белград, околу 109.000 динари. Децата од предучилишна возраст земаат една просечна плата, основците две, а средношколците три – изјави Јордановиќ за ТВ Прва и додаде:
– Пријавувањето се врши во Центрите за социјална работа во општините каде што се сместени семејствата. Ова е убава акција со оглед на тоа што минатата година имавме 108 семејства кои добија ваква помош, односно околу 345 деца. Градот одвои средства и на некој начин им помага на семејствата барем малку да им олеснат.
Се поставува прашањето дали имаат право на помош родителите кои имаат три, четири и пет деца на различна возраст.
– Ова не важи за семејствата кои имаат три деца, туку за семејствата кои имаат тројки, четворки, двојни близнаци. Се уште не сме имале петки и шестки, но се надеваме дека ќе има. Решението и исплатите се многу брзи. Неодамна е добро регулирано дека сите решенија кои пристигнуваат за секаков вид услуга што ја дава Секретаријатот за социјална заштита се исплаќаат многу брзо. Немаме рок до кога треба да аплицирате, но и да има, никому нема да му биде ускратена таква помош – рече Јордановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Суштината на обоената револуција е Србија да биде најслаба во регионот, а јас да клекнам пред сите

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека суштината на обоената револуција е дека Србија мора да биде послаба во споредба со сите во регионот, како и тоа тој да биде неспособен претседател, кој би клекнал пред сите што не ѝ посакуваат добро на Србија, пренесуваат медиумите во соседството.
„Тоа е суштината на обоената револуција. Србија мора да биде скромна и секогаш мора да биде послаба од Хрватска и од сите други во регионот за да може да бидат задоволни“, рече Вучиќ во Палатата на Србија одговарајќи на новинарско прашање.
Вучиќ рече дека денес не е случај Србија да е најслаба во регионот, иако е посиромашна од другите, туку дека, од друга страна, напредува побргу од другите, што никому не му одговара.
„Тоа е една од причините зошто го прават тоа бидејќи би сакале да имаат некомпетентен претседател, кој би клекнал на колена пред сите оние што не ѝ посакуваат добро на Србија“, рече Вучиќ.
Тој ги обвини луѓето, за кои тврди дека се водачи на блокади, дека ја мразат Србија и ѝ посакуваат најлошо на својата земја наведувајќи дека поради нив, земјата е во тешка ситуација бидејќи „ја намалиле стапката на раст, го уништиле туризмот, како и многу економски гранки“.
„Дури и меѓу блокадите има такви што ја сакаат Србија, но не може да се одвојат од овие водачи – новинари, професори и политичари. Тоа е еден од проблемите“, рече Вучиќ, пренесува „Бета“.
Регион
Поради силни ветрови, во прекин фериботскиот сообраќај во Грција

Фериботскиот сообраќај во Егејското Море во Грција денес беше прекинат поради силни ветрови, кои достигнаа брзина од 60 километри на час, поради што илјадници туристи не можеа да одат до своите планирани дестинации.
Забраната за пловидба, која ќе биде во сила денес најмалку до 13 часот по локално време, важи во сите поголеми пристаништа во Атика, а само фериботите на неколку линии во областа Аргосароникос сè уште пловат, објавува „Јуроњуз“.
Пристанишните власти чекаат ветерот да стивне за да може да се укине забраната за пловидба.
Пловењето кон островите Киклади беше прекинато во пристаништето Рафина иако екскурзиите до Мармарис на островот Кос продолжија според планот.
Фериботите не сообраќаат од Пиреја, а пловидбата во пристаништето Лаврио е прекината во правец на Китнос и Агиос Маринас и Неа Стира.
Илјадници патници не можеа да го почнат своето патување утрово поради прекин на пловидбата и чекаат да одат на своите дестинации.
Грчката крајбрежна стража им советува на патниците да се консултираат со компанијата чиј ферибот треба да ги превезува кога ќе бидат можни нови поаѓања, како и да ги избегнуваат пристаништата на кои се појавил сообраќаен метеж.
Метеоролошката служба прогнозира дека силните ветрови ќе траат најмалку до недела, што би можело да влијае на фериботскиот сообраќај.
Поради оваа причина, властите им препорачаа на туристите да стапат во контакт со локалните пристанишни власти и компании пред да заминат.
Регион
Гори во Грција: издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптера исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
Фото: принтскрин