Црна хроника
63-годишна кумановчанка и нејзината комшивка во дворот платиле дрва на човек кој ги земал парите и не се вратил

На 28.10.2023 во 15.00 часот во СВР Куманово, 63-годишна жена од кумановско село пријавила дека таа и нејзина сосетка биле измамени од едно лице, информира МВР.
Според пријавеното, лицето дошло во дворот на нејзината сосетка и им понудило огревни дрва, по што двете му дале вкупно околу 8000 денари. Како што е пријавено, лицето ги зело парите и заминало, но не се вратило, по што сфатиле дека биле измамени.
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На велосипедска патека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Вчера на велосипедска патека на булеварот Јане Санданскин се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Битолчанка со измама дошла до лични податоци на маж, па си подигнала брз кредит

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Ч.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.
Во текот на мај 2024, пријавената преку социјална мрежа, под друго име, стапила во контакт со лице од тетовско и со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата лична карта и трансакциска сметка. Потоа, со уште едно лице, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, подигнале брз кредит од финансиско друштво.
Откако на домашна адреса добил писмо од финансиското друштво дека има неплатен долг, оштетениот сфатил дека е измамен.
Црна хроника
Кавадарчанец возел со 2,52 промила алкохол и излетал од патот

Полицијата вчера го приведе Г.Т.(44) од Кавадарци.
„Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта“, велат од МВР.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.