Свет
(Видео) Израел: Синоќа убивме десетици члена на Хамас, некои од нив се криеја во тунелите
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека убиле десетици борци на Хамас во текот на ноќта додека ги зајакнале своите копнени операции во Газа.
„За време на судирите со терористите во Појасот Газа, војниците на ИДФ убија десетици терористи, кои се забарикадираа во згради и тунели и се обидоа да ги нападнат нашите сили. Во еден инцидент авион на ИДФ нападна локација во зграда на терористичката организација Хамас, во која имаше повеќе од 20 терористички оперативци на Хамас“, се вели во утринската изјава за печатот на ИДФ.
צה”ל המשיך במהלך הלילה בהרחבת הפעילות הקרקעית ברצועת עזה.
בהיתקלויות עם מחבלים ברצועת עזה, חיסלו לוחמי צה”ל עשרות מחבלים אשר התבצרו במבנים וניסו לפגוע בכוחות. במהלך אחד מהאירועים, כלי טיס בהכוונת הלוחמים בשטח תקף מבנה כינוס של ארגון הטרור חמאס ובו מעל ל-20 מחבלים. pic.twitter.com/1sNuI7WxPe
— Israeli Air Force (@IAFsite) October 30, 2023
Покрај тоа, во текот на изминатите неколку дена ИДФ погоди повеќе од 600 терористички цели, вклучително и складишта за оружје, десетици локации за лансирање на противтенковски ракети, како и засолништа и собирни места што ги користи терористичката организација Хамас.
Во текот на ноќта војниците на ИДФ идентификуваа вооружени терористи и пункт за лансирање противтенковски ракети во областа на Универзитетот „Ал-Азхар“ и испратија борбен авион да ги нападне.
Овие тврдења не се независно потврдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
10.000 полски војници ќе ја чуваат критичната инфраструктура на земјата
Полска ќе распореди 10.000 војници за заштита на критичната инфраструктура, вклучително и железниците, изјави министерот за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, објави Ројтерс.
Соопштението доаѓа по експлозијата на железничката пруга за време на викендот, за која Варшава ја обвинува Москва.
Претстојните божиќни празници може да бидат сметани од непријателите на Полска како добро време за саботажи, ги предупреди новинарите началникот на полскиот Генералштаб, Вислав Кукула.
Претходно денес, министерот за надворешни работи го објави затворањето на рускиот конзулат во Гдањск и предупреди дека одговорот на саботажата на железничките линии нема да биде само дипломатски.
Свет
Берлин: На Украина итно ѝ е потребна поголема помош за одбрана
Германската влада соопшти дека на Украина итно ѝ е потребна поголема помош во одбраната. Берлин обезбедува дополнителна материјална помош за Киев за зимата.
Ситуацијата во Украина е многу напната поради континуираните напади на Русија и на Киев итно му е потребна помош од партнерите во одбраната, изјави портпарол на германската влада.
„Континуираните напади на Русија ја ставаат Украина под огромен притисок и ова е уште една причина поддржувачите на Украина да ѝ помогнат на земјата да се одбрани“, изјави владиниот портпарол на редовната владина прес-конференција во Берлин.
Во екот на тековните руски напади врз украинската инфраструктура, германската влада објави дека ќе испрати и дополнителна зимска помош за земјата во вредност од 40 милиони евра.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Германија „помага да се одржат домовите топли и осветлени и да се осигури дека Русија нема да успее да го скрши моралот на Украинците кои ја бранат својата татковина со гаѓање на инсталации за гас и електрична енергија“.
Средствата, според неговата изјава, ќе бидат искористени за хуманитарни мерки: поправка на системи за греење и оштетени домови, како и снабдување со генератори, ќебиња и хигиенски производи.
Во исто време, сепак, има намалувања на хуманитарната помош: во 2024 година, придонесот на Германија за хуманитарна помош беше над 400 милиони евра, но за оваа година е значително намален.
Свет
Зголемени тензии меѓу Пекинг и Токио – Кина го блокира јапонскиот извоз на морска храна
Кина денес го известила Токио дека повторно ќе го забрани увозот на јапонски морски плодови, јавуваат медиумите. Одлуката доаѓа во момент на растечка дипломатска тензија меѓу двете земји, пренесе Ројтерс.
Причина за заострувањето беше изјавата на новата јапонска премиерка Санае Такаичи, која рече дека кинески напад на Тајван би претставувал закана за Јапонија. Пекинг побара повлекување на изјавата и ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Јапонија. Поради тоа, Кинезите масовно откажуваат резервации, што може да му наштети на јапонското стопанство.
Кина пред неколку месеци делумно ги ублажи ограничувањата за увоз на јапонска морска храна, воведени поради испуштањето пречистена вода од нуклеарката „Фукушима“ во океанот. Тогаш дозволи увоз од 37 префектури, а го забрани од 10 други.
Според извори на агенцијата Кјодо, повторната забрана е образложена со потреба од понатамошно следење на водата од нуклеарката. Кинеското министерство за трговија и царината не одговориле на барањата за коментар.
За јапонските извозници ова е тежок удар: Кина некогаш купувала над една петтина од вкупниот јапонски извоз на морски плодови. Околу 700 јапонски компании поднеле барање повторно да извезуваат во Кина, но досега се одобрени само три.

