Македонија
(Видео) Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Република Северна Македонија, со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Според агендата за официјалната посета на претседателката на ЕК, Фон дер Лајен на земјата, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Во составот на македонската делегација се и Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедницата, Бојан Маричиќ – заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Каја Шукова – министерка за животна средина и просторно планирање, и Азир Алиу – министер за информатичко општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.