Македонија
СДСМ: Коњановски гарантира нови кружни текови, а единствениот што почна да го гради по 2 години, го погреши

„На половина од мандатот како локална власт во Битола, заклучокот е поразителен: ДПМНЕ и Коњановски ги изневерија битолчани. ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300 %. Го поскапеа паркингот, ги уникаа слободните 15 минути, а нови паркинг места нема! Гарантираа инвестиции и нови работни места. Нова инвестиција нема!“, вели СДСМ.
„Срушија трафики и затворија мали бизниси од кои стотици битолски семејства егзистираа! Коњановски гарантираше нови кружни текови, а единствениот што започна да го гради после 2 години го погреши. Автобус не може да помине!
Гасоводот и топловодот се пред Битола, а Коњановски нема изградено една педа од топловодната и гасоводната мрежа низ градот! Нема ново основно училиште, нема нова зграда за пожарникарите, нема нов мултифункционален спортски комплекс, нема рекреативен центар во Смолево!
Го нема ниту реконструираниот планинарски дом Копанки! Коњановски ветуваше нов парк во нова Битола со авантуристички содржини, а цели две години му требаат за паркче четири пати помало од ветеното, а и тоа не е завршено.
Коњановски и ДПМНЕ за две години во Битола потрошија над 60 милиони евра, а резултати нема. ДПМНЕ не ја оправда довербата од битолчани дадена на локалните избори“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.