Свет
Израелската војска најави ескалација во Газа

Денеска, израелската армија одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари.
Утрово, ИДФ соопшти дека убила десетици милитанти на Хамас во текот на ноќта. Хагари вели дека силите постепено напредуваат во Газа како дел од копнената операција и дека имало директен контакт со борците на Хамас.
Исто така, се предупредува дека активностите ќе ескалираат, а израелските сили се ставени во висока готовност по должината на северната граница.
„Нашите активности и операции ќе продолжат и ќе ескалираат според фазите на војната“, рече тој, а потоа додаде: „Ова е проширена копнена операција во Појасот Газа. Копнените сили, тенковите, пешадиските сили и силите на оклопниот кор се движат кон терористите“, рече тој.
„Терористите се групираа во одредени области за да се обидат да ги таргетираат нашите сили, а ние ги напаѓаме од воздух, така успеавме да нападнеме и да убиеме 20 терористи. Има и директен контакт меѓу копнените сили и терористите. Борбите се водат во Појасот Газа“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува „Њузвик“.
„Досега – дури и за време на Студената војна – постоеше дијалог, што им овозможуваше на спротивставените блокови подобро да ги разберат намерите на другата страна, со главна цел да се спречи голема војна“, изјави Лавров на Националниот образовен младински форум Terra Scientia, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.
„Меѓутоа, Европа го изгуби тој инстинкт, а исто така, вакцината против нацизмот почна да слабее.“
Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати го наведуваше наводниот неонацизам во Украина како една од причините за напдот врз земјата во февруари 2022 година, кој сè уште трае.
„Силите кои во минатото сакаа да ја уништат Русија повторно се раѓаат во Европа и сега за своја ударна точка ја избраа Украина, безрезервно одобрувајќи сè што таа прави“, рече рускиот министер за надворешни работи.
Тој додаде дека овој конфликт се разликува од Првата и Втората светска војна затоа што Русија „нема сојузници на бојното поле“. „Мораме да се потпреме на себе и нема место за слабост“, нагласи Лавров. „Мислам дека секој ден можеме да видиме како Европејците навистина сакаат да ја поразат Русија“, додаде тој.
Трамп вчера изјави дека ќе го скрати 50-дневниот рок што претходно ѝ го даде на Русија за постигнување прекин на огнот, во спротивно ќе се соочи со санкции.
„Многу сум разочаран. Разочаран сум од претседателот Путин. Многу разочаран. Така што, ќе мораме нешто да преземеме и ќе го скратам тој рок од 50 дена што му го дадов“, изјави Трамп пред новинарите.
„Едноставно не гледаме никаков напредок“, изјави Трамп вчера и нагласи дека планира да воведе санкции кон Русија за околу 10 или 12 дена.
Свет
Крвава расправија за паркинг во Атланта: Еден загинат, десет ранети

Едно лице е убиено, а десет се ранети во пукање што се случило рано во понеделникот во Атланта, потврди локалната полиција. До престрелката дошло во популарна четврт позната по ноќниот живот, а инцидентот се случил по викенд обележан со бран вооружено насилство.
Полицијата примила дојава за пукање околу 1:30 по полноќ на улицата Еџвуд, во четвртта Свиит Оборн. На местото на настанот биле затекнати 11 застрелани лица, од кои едно, 27-годишен маж, починало на самото место. Неговиот идентитет сè уште не е објавен. Останатите жртви, на возраст од 18 до 29 години, биле пренесени во болница.
Според зборовите на шефот на полицијата, Дарин Ширбаум, еден 18-годишник е во критична состојба, а уште едно лице било оперирано. Се верува дека трагичниот настан бил предизвикан од бизарна расправија околу паркинг место. Полицијата интензивно трага по тројца мажи и една жена, за кои се сомнева дека го започнале конфликтот, и ги повикува граѓаните да споделат корисни информации.
На местото на инцидентот било пронајдено огнено оружје и 34 чаури. Иако точниот мотив сè уште се утврдува, полицијата засега не се сомнева на поврзаност со банди и верува дека поголемиот дел од жртвите биле случајни минувачи.
Ширбаум истакна дека овој инцидент е дел од црн викенд кој го зафати градот, во кој во 12 насилни инциденти биле повредени вкупно 29 лица, а две починале. Останатите инциденти вклучувале семејно насилство и конфликти поради блокирање на возила.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откако му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.