Македонија
Тренчевска: Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се обрати во воведните излагања на завршниот настан од заедничкиот проект на Обединетите нации – „Планирање и дискурс за миграциска политика заснована на докази во Северна Македонија“
Тренчевска на почетокот од своето обраќање ги истакна досегашните соработки со меѓународните организации и посочи дека постојаната комуникација со нив и спроведените активности придонесуваат кон поголем квалитет на живот и соодветен одговор на потребите на мигрантите.
„Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите. Како солидарна и праведна Влада продолжуваме да работиме на заеднички проекти со Обединетите нации кон подобар прием и третман на мигрантите во нашата држава“, рече Тренчевска.
Таа ја истакна работата на Министерството во насока на зајакнување на одговорот на предизвикот со мигрантите.
„Активно учествувавме во изработката на најновата резолуција за миграциска политика 2021-2025 година, која е усвоена од Собранието во декември 2021 година; во обезбедувањето релевантни информации и податоци за миграцискиот профил на Северна Македонија 2021 година и индексот на управување со миграцијата 2021 година. На наше барање во 2021 година беа изработени и предлогот за измени и дополнувања на правилникот за стандарди за прием на баратели на азил“ и прирачникот за начинот на спроведување на програмата за интеграција на лицата на кои им е одобрен азил. Ревидираниот правилник има цел да ја зајакне меѓусекторската соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи“, рече Тренчевска.
Тренчевска на крајот од своето обраќање истакна дека посветената работа со меѓународните организации продолжува понатаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

