Регион
Брнабиќ за изборите: Ако изгубиме, ќе бидеме одговорна опозиција

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска, изјави дека изборите на 17 декември ќе се одржат затоа што е важно Српската напредна партија (СНС), чија функционерка е таа, уште еднаш да ја провери волјата на народот и да провери дали ја има таа стабилност.
„Ако немаме, СНС ќе честита, ќе бидеме одговорна опозиција. Мислам дека тоа нема да се случи. Сосема сум уверена дека нашите луѓе ќе гласаат за резултатите и за планот и програмата за иднината“, изјави Брнабиќ за српска телевизија.
Зборувајќи за посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Белград, Брнабиќ рече дека „ѝ укажала особена чест на Србија со тоа што останала овде една ноќ“, односно најдолго престојувала во Србија во текот на четиридневната посета на земјите од Западен Балкан.
Брнабиќ најави дека в четврток ќе отпатува за Пекинг, каде што ќе се сретне со кинескиот премиер и со претседателот Шји Џјинпинг за политички и економски прашања.
Брнабиќ рече дека посетата е и економски и политички важна за Србија бидејќи доаѓа неколку недели по потпишувањето на договорот за слободна трговија со Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
На охридското крајбрежје откриена можеби најстарата населба во Европа на езеро

Археолозите велат дека пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро на албанската страна од Охридското Езеро за која се верува дека е стара до 8.000 години.
Тим научници од Швајцарија и Албанија поминуваат три часа под вода секој ден макотрпно отстранувајќи дрвени столбови на кои биле потпрени куќите, објави „Ројтерс“. Археолозите исто така наоѓаат коски од домашни и диви животни, бакарни предмети и керамика со детаљни резби.
Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн рече дека слични населби се пронајдени во алпскиот и во медитеранскиот регион, но населбата во Лин, Албанија, е половина милениум постара датирајќи помеѓу шест и осум илјади години.
„Органскиот материјал е добро зачуван бидејќи е под вода, што ни овозможува да откриеме што јаделе овие луѓе, што саделе“, рече Хафнер.
Неколку студии покажаа дека Охридското Езеро, кое се наоѓа помеѓу Македонија и Албанија, е најстарото езеро во Европа – повеќе од еден милион години.
Староста на наодите се утврдува со радиоизотопско датирање и дендрохронологија, која ги брои прстените на дрвјата. Од локацијата се собрани повеќе од илјада примероци од дрво. Се верува дека населбата, во која можеби живееле неколку стотици луѓе, се протегала на околу шест хектари, а сега, по шест години работа, ископан е само околу еден процент од вкупниот материјал.
Регион
(Видео) Зебра избега од Зоолошката градина во Белград, повредени три лица

Од трите лица повредени вчера кога зебра избега од ограден простор во Зоолошката градина во Белград, две се однесени во Военомедицинската академија, но се пуштени на домашно лекување бидејќи повредите биле полесни, соопшти утрово Ургентниот центар на ВМА.
Зебрата удрила во маж и го прегазила, по што му биле констатирани полесни повреди, додека другата жена била донесена во ВМА без физички повреди, но во состојба на шок, изјавија за РТС.
Од Зоолошката градина во Белград вчера, зебра избегала од ограден простор и повредила вкупно три лица, од кои едно било дете, кое било пренесено во Детска клиника.
Регион
Три лица извлечени од морето во разни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти крајбрежната стража.
Во раните утрински часови во среда, 88-годишен грчки државјанин беше извлечен во несвест од морето во областа Агиос Андреас Малаконтас во Еретрија, според Прототема.
Неколку часа подоцна, 69-годишен српски државјанин беше извлечен во несвест од морето во Олимпискиот брег во областа Пиерија.
Во трет инцидент, друг грчки државјанин (61) беше извлечен од морето во пристаништето Милина во општина Јужен Пелион.
За сите три инциденти, надлежните пристанишни власти спроведоа прелиминарна истрага и беше наредена обдукција.
Вчера сите беа шокирани од веста за смртта на 13-месечно бебе од Србија, кое се задуши додека беше на плажа со своите родители на Халкидики. Момчето се задавило со храна додека било во бар на плажа во областа Ормос Панагиас.