Забава
Најморничави замоци во Европа
Се приближува Ноќта на вештерките (Halloween), па затоа е добро време луѓето малку да се забавуваат со страшните приказни кои ќе го донесат духот на таа ноќ, една во годината.
Европа е позната по своите замоци, а многу од нив луѓето ги сметаат за морничави. Медиумите издвоија неколку најзанимливи, а еве зошто го добија тој епитет.
Замокот Единбург, Шкотска
Кога ќе ја видите неговата историја, ќе разберете зошто е прогласен за еден од најморничавите замоци во светот. Во него починала кралицата Маргарета во 1093 година, а по неа, таму умирале генерации од кралското семејство и војници, често со насилна смрт.
Замокот Франкенштајн, Германија
Велат дека е инспирација за „Франкенштајн“ на Мери Шели. Овој замок со поглед на градот Дармштат е изграден на легенда и мит. Опкружен со темниот и мистериозен Оденвалд, замокот бил дом на Јохан Конрад Дипел, кој создавал напивки и еликсири и веројатно бил инспирација за д-р Франкенштајн. Во 2008 година серијата „Меѓународен ловци на духови“ (Ghost Hunters International) забележа паранормални активности во замокот.
Замокот Предјам, Словенија
Замокот во селото Предјам, веднаш до Постојна, бил изграден во 12 век на карпа пред јамата (оттука и името). Најпознатиот владетел на замокот бил Еразмо Предјамски, кој бил убиен од катапулт кога слугата го предал.
Акершус Фестнинг, Осло, Норвешка
Оваа тврдина е едно од најморничавите места во Норвешка и јасно е зошто. Изградена е во 13 век, стотици години подоцна била претворена во затвор во кој масовно умирале луѓе, а за време на Втората светска војна таму биле убивани затворениците.
Хушка, Чешка
За време на Втората светска војна, нацистите го користеле овој замок за окултни и тајни експерименти, а никој не знае што точно се случувало. Познато е само дека неколку нацистички војници умреле во текот на овие експерименти. Нивните останки биле пронајдени по завршувањето на војната.
Замокот Моошам, Салцбург, Австрија
Изграден е пред 800 години, а изгледа како сцена од хорор-филмови и замок од бајки. Често се нарекува замок на вештерки бидејќи таму биле егзекутирани илјадници жени, кои биле обвинети дека се вештерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Роналдо и Георгина ќе се венчаат на родниот остров на фудбалерот
Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез, по девет години врска, планираат свадба. Според The Sun, парот ќе се венча летово по Светското првенство, на родниот остров на Роналдо, Мадеира.
Роналдо ја одбрал историската катедрала во Фуншал – најстарата црква во неговиот роден град, позната по својот резбан покрив. Славјето ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот.
Локацијата има лично значење за Роналдо: катедралата е блиску до болницата каде што е роден и до стадионот на неговиот прв клуб, Национал да Мадеира, каде што играл пред да премине во Спортинг.
Роналдо и Георгина се запознале во 2016 година во продавница на Гучи во Мадрид. Заедно имаат две ќерки, Алана (7) и Бела (3), а Роналдо има уште три деца родени од сурогат мајки: Кристијано Џуниор (15) и близнаците Матео и Ева Марија (8). Тој претходно изјави дека токму децата го поттикнале да ја запроси Георгина.
Забава
(Фото/Видео) Започна празничната сезона во Белата куќа, Меланија ја пречека новогодишната елка
Меланија Трамп ја пречека овогодишната елка пред претседателската резиденција, официјално започнувајќи ја празничната сезона во Белата куќа – сезона за која таа често изразуваше фрустрација за време на првиот мандат на нејзиниот сопруг, пишува People.
First Lady Melania Trump receives the 2025 White House Christmas Tree 🌲 pic.twitter.com/exxZAN5Qf6
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) November 24, 2025
Меланија (55) ја презеде елката од Korson’s Tree Farms од Мичиген, која оваа година ја освои титулата победник на национален натпревар и со тоа ја доби честа да го достави централниот празничен украс во Вашингтон. Korson’s Tree Farms ја освои титулата Grand Champion Growers за 2025 година, доделена од Националното здружение на божиќни елки во јули.
Речиси шест децении, победникот на ова натпреварување ја обезбедуваше официјалната божиќна елка за Белата куќа, а овогодишната беше лично избрана во септември од Дејл Хејни, надзорник на теренот на Белата куќа.

Пристигнувањето на елката значи дека Меланија наскоро ќе ја открие темата на празничните украси за 2025 година, кои беа предмет на критики за време на првиот мандат на Доналд Трамп. Откако се одлучи за традиционален стил во 2017 година, следната година таа направи многу похрабри чекори: 40 конусни елки во крваво црвена боја како дел од темата „Американски богатства“.

Необичниот избор брзо предизвика дебата на интернет. Некои ја споредија бојата и обликот на елките со црвените наметки од „Приказната за слугинката“, додека други потсетуваа на реката од крв од „Сјаењето“.
Контроверзноста се зголеми и со аудио-снимка од 2018 година, објавена две години подоцна од CNN, на која може да се слушне како Меланија се жали на одговорностите за украсување. „Работам како коњ на божиќни работи, а кого го интересираат божиќните работи и украси?“, рече Меланија на снимката.
фото: принтскрин
Забава
„Мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“
Џејн Фонда неодамна се појави во подкастот „The Look“, каде што зборуваше за своето темно минато и чувствата на осаменост. Во интервју со Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, познатата актерка откри дека употребата на разни дроги ја обележала нејзината младост.
„Не сум зависник, но мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“, призна таа. „Фактот дека имам речиси 88 години е неверојатен за мене“, додаде таа.
Раното детство на Фонда беше обележано со трагедија, смртта на нејзината мајка, Френсис Форд Сејмур, што доведе до нејзина изолација од остатокот од светот. „Мајка ми почина кога имав 12 години“, објасни Фонда, додавајќи:
„И уште поневеројатно е што сега сум подобра. Фокусирана сум, се чувствувам исполнета и среќна сум. Сама.“

„Никогаш не се плашев од стареењето“
Во понатамошниот разговор, актерката го опиша својот животен пат, како и промените низ кои поминала.
„Никогаш не сум се плашела од стареење и што е поважно, не се плашам од умирање. Ова е почетокот на мојот последен чин.“
Водена од искуството на нејзиниот татко, вели таа, научила да ја прифати смртта како дел од животот. Таа исто така раскажа како била последната средба со нејзиниот татко.

„Го гледав татко ми како умира со многу жалење. Тоа беше важно разбирање на животот за мене, бидејќи ако не сакате да умрете со жалење, тогаш мора да го живеете последниот дел од вашиот живот на таков начин да нема жалење“, рече таа, додавајќи:
„Успеав да му кажам дека го сакам и дека му простив за, знаете, што и да се случи. И се надевам дека ќе ми прости што не бев подобра ќерка. Успеав да му го кажам тоа… И тој не рече ништо, само плачеше. Никогаш порано не сум го видела тоа. Никогаш не сум го видела татко ми да се расплаче.“
фото: принтскрин

