Македонија
30-дневен притвор за вработен во Шумската полиција: побарал 18.000 денари за да не прави контрола, сведокот го пријавил
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не изврши службено дејство што би морал да го изврши, односно за да не му прави контрола на сведокот – референт за сеча и дотур во правно лице. Откако му ги побарал парите, сведокот го пријавил. Врз основа на наредба од јавен обвинител за примена на посебни истражни мерки, на сведокот му биле дадени обележани банкноти за да ја изврши исплатата. Веднаш по приемот на поткупот, парите биле пронајдени кај осомничениот и тој бил лишен од слобода“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител оцени дека постојат законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

