Македонија
(Видео) Попов: СДСМ создаде апатија и незадоволство кај младите

На денешната трибина „Македонија сојузник на младите – перспектива и иднина“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Валандово свое обраќање имаше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, кој што истакна дека „СДСМ ветуваше многу но не исполни ништо и создаде апатија и незадоволство кај младите а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата и креира многу проекти и мерките за млади како ослободувањето од данок за компаниите кои ќе вработат младо лице, 0 % данок за фриленсери, изградба и реконструкција на студентските домови, нови студентски домови, подобрување на условите во основното и средното образование“.
„Можам да констатирам дека апсолвирана тема во Македонија е дека младите немаат партнер во државата, дека државата Македонија не е мајка за своите млади луѓе туку мажеа и природно и следствено на тоа младите луѓе не чувствувајќи партнер во државата, гледајќи дека државата не им го чува грбот, не вложува во нив во се поголем број се одлучуваат да ја напуштат. СДСМ ги излажа сите категории на граѓани во Македонија и младите и земјоделците и млекарите и лекарите буквално сите но зошто е страшно начинот на кои беа излажани пред 6, 7 години наназад СДСМ јаваше на незадоволството на младите па веројатно и логично им се виде во тоа време многу и да им ветат на истите“, нагласи Попов.
Тој додаде и дека „СДСМ ветуваше многу но не исполни ништо и создаде апатија и незадоволство кај младите но ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата и ќе креира мерки и проекти за млади“.
„СДСМ не исполнија ништо и со тоа предизвикаа апатија кај младите луѓе а со тоа младите луѓе да чувствувааат одбивност и незаинтересираност кон политиката и политичкиот активизам. Сето тоа како УМС на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години се трудиме да го промениме и да ја вратиме енергијата и сметаме дека ја враќаме бидејќи се поголем број на млади луѓе се одлучуваат да пристапат кон унијата на млади сили. СДСМ не се партнер на младите луѓе ветија студентски град не исполнија ништо и токму затоа најголемиот удар оваа власт ќе го доживеат токму од младите. Мислам дека она што ги брка младите од Македонија е ненормалностите во македонското општество, целосната неправда која што ја чувствуваат во секој еден дел од живеењето. Основна работа која ќе треба да ја направиме како влада освен мерките за млади како ослободувањето од данок за компаниите кои ќе вработат младо лице, 0 % данок за фриленсери, изградба и реконструкција на студентските домови, нови студентски домови, подобрување на условите во основното и средното образование е младите луѓе да се разбудат во една нормална држава“, истакна Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Арсовска го прозва Стојкоски: Аценце, ти направив 27 улици, ни фала не кажа и уште бегаш од дуел за хемиските фабрики

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот профил на Фејсбук му се обрати на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, со серија критики за неговото однесување и, како што тврди, неспособност да го признае придонесот на Град Скопје во реализацијата на инфраструктурни проекти.
„Ова е објава за читање за сите интелигентни и слободоумни граѓани, другите не читајте!“ – започнува Арсовска во својот пост, порачувајќи му директно на Стојкоски:
„Аценце, ти се обраќам да се потсетиш, како неспособната што спиела 3 години ти направи 27 улици во 5 населени места во Ѓорче Петров“.
Таа додава дека улиците биле изградени преку Јавното претпријатие „Улици и патишта Скопје“, без учество на општински средства, а Стојкоски само се појавил за да се слика, без притоа, како што вели, ни да се заблагодари.
„Ти ги направивме со скопското јавно претпријатие ‘Улици и патишта Скопје’, ти освен што се сликаше, не потроши ни денар, а не се ни заблагодари“, напиша Арсовска.
Во објавата, Арсовска повторно го повикува Стојкоски на ТВ дуел во врска со деталниот урбанистички план кој, според неа, овозможува изградба на хемиски фабрики и 31 висококатница во централното градско подрачје на Ѓорче Петров.
„Уште чекам да прифатиш ТВ дуел за ДУП-от кој го донесе за да се изградат хемиските фабрики и 31 висококатници сред Ѓорче Петров. Тоа што плаќате медиуми и партиски ботови да ве фалат, а другите да ги понижуваат, не значи дека сте во право!“, заврши градоначалничката.
Македонија
Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за средба со бугарската страна, и дека веќе постои предлог-термин, за кој сè уште се чека потврда од официјална Софија.
„Имаме комуникација со канцеларијата на Европската комисија и вчера и денес, се уште немам повратен одговор. Има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна“, рече Мицкоски на новинарско прашање дали стапил во контакт со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта и дали Бугарија ќе прифати ваква средба.
Паралелно со ова, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера изјави дека иако вообичаено се одржуваат средби со хомолозите, таа нема проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на претстојниот Самит на НАТО во Хаг. Таа појасни дека нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев, нема да присуствува на Самитот, што отвора можност за разговор со Жељазков во насока на деблокирање на евроинтеграциите на Македонија.
„Јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта, негов беше предлогот. Во меѓувреме, јас не знам, ќе бидам таму ако ми е мене редот. Инаку, се знае, ред е да се разговара со хомологот, но еве нема проблем, меѓутоа не зависи од мене туку зависи од нашите соседи“, рече Сиљановска Давкова.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ грубо ја злоупотребува трагедијата во Кочани за политички поени

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на обвинувањата од страна на СДСМ во врска со истрагата за трагичниот пожар во Кочани, при што загинаа деца, обвинувајќи ја партијата дека прави „груба злоупотреба“ на трагедијата со цел собирање политички поени.
„СДС прави груба злоупотреба на трагедијата во Кочани со цел да добие политички поен плус. Обвинувањата на СДС дека институциите постапуваат под притисок на опозицијата се безочна лага,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.
Од партијата нагласуваат дека институциите сега постапуваат професионално и неселективно, и дека во истрагата се опфатени над 60 лица, меѓу кои актуелни и поранешни функционери, градоначалници, бизнисмени, вработени во институции и членови на Министерството за внатрешни работи, а дел од нив се веќе во притвор.
„МВР и институциите на системот ги доставија сите потребни докази и информации до Јавното обвинителство уште пред еден месец. Обемната документација, со над 60 опфатени лица, е доказ за темелна и сеопфатна постапка“, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека постапувањето на институциите денес е спротивно на тоа што, според нив, се случувало во минатото за време на владеењето на СДСМ и Оливер Спасовски.
„Сега има одговорност за секој, без разлика кој е и од каде е. За разлика од МВР под Спасовски, каде што никој не одговараше за модуларната болница, Беса Транс или Ласкарци – случаи каде што имаше голем број жртви“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.