Македонија
(Видео) Мицкоски: Нови фрапантни сознанија за Онкологија и аферата „Диво месо“, која сè уште трае

„Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека периодот кој е опфатен во извештајот е за две години.
„Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, т.е. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година“, кажа Мицкоски.
Претседателот е дециден дека животот на човекот е неприкосновен.
„Доколку внимателно го анализирате Извештајот колку и да има луѓе чиј основен мотив е криминалот, животот на човекот е неприкосновен. Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија. Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, те. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година“, заклучи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на изгорено во воздухот и не се дише.
По денешниот протест и кратката блокада кај мостот „Киро Глигоров“ поради дивата депонија Вардариште, граѓаните најавија дека утре повторно ќе излезат на улица. На денешниот собир видлив беше и транспарент со порака, „Вардариште е канцер“, а од институциите беше побарано без меѓусебни обвинувања да ја преземат одговорноста.
Следниот протест е закажан за утре, во 18 часот кај паркчето „Авионче“ во Ново Лисиче. Организаторите апелираат на масовност и истрајност, убедени дека само така може да се издејствува конечно решение за проблемот со Вардариште.
Претходно денес, О2 Иницијативата упати јавен апел до кандидатите за градоначалници и советници во Град Скопје, Аеродром и Гази Баба, барајќи итни решенија за санација на депонијата.
„Доста е со молк, одлагања и префрлање на одговорност! Вардариште не е тема за кампања – тоа е закана за нашето здравје и иднината на Скопје,“ порачуваат од иницијативата, нагласувајќи дека очекуваат конкретни обврски и јавно дадени ветувања од сите кандидати.
Во апелот се наведени три приоритетни барања: Итна изработка на проектна документација за санација и ревитализација на Вардариште, со што Општина Гази Баба треба без одлагање да ги донесе потребните детални урбанистички планови; Привремени мерки додека проектите не стартуваат, како запечатување, оградување, осветлување, 24-часовна чуварска служба и видео надзор; Транспарентност и отчетност, со редовно известување за секој чекор, конкретни активности и прецизни рокови.
Од иницијативата потсетуваат дека станува збор за прашање кое не смее да се третира како обично предизборно ветување.
Во неделата голем пожар избувна во близина на Вардариште во Скопје, при што половина град остана без електрична енергија 5 часа.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градоначалници, со што досега објавени се вкупно 60 кандидатури.
За градоначалник на Пробиштип, партијата го кандидира Драган Анастасов, Драгослав Симоновиќ е кандидат за градоначалник на општина Градско и Борче Гиевски за Зелениково.
„Сите кандидати се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници“, велат од партијата.
Македонија
Јасно и гласно кажав дека не сум се сретнал со Груевски, ВЛЕН манипулира, рече Османи

Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, ги демантираше тврдењата за наводна средба со Никола Груевски за обезбедување пратеници за поддршка на уставни измени.
„Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за наводна моја средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за подршка на утавни измени. Јасно и гласно кажав дека таква средба немало. Тоа што се служат постојано со лаги и повторување на сите невистини нема да им помогне во кампањата“, рече Османи.
Додаде и дека дговорот на овие оцрнувања ќе стигне на 19 октомоври.