Соопштенија
Светска премиера на целосно новата Škoda Superb: повеќе простор и удобност, шест ефикасни мотори и иновативни безбедносни системи

› Слобода на избор за клиентите: четвртата генерација на знаменосецот на Škoda Superb ќе биде достапна како лимузина и комби.
› Градење на докажани јаки страни: понатамошните усовршувања на дизајнот го вклучуваат ажурираниот дизајнерски јазик на Škoda и ги вклучуваат новите предни LED светла со матрикс технологија и 40 проценти поголема моќност на светлината
› Посветеност на ориентираноста кон клиентите: нов и уште поинтуитивен внатрешен концепт со паметни копчиња на Škoda, непречен дизајн и одржливи материјали
› Поефикасни мотори: три бензински, два дизела и подобрен plug-in hybrid со електричен опсег од повеќе од 100 километри, плус mild hybrid за прв пат досега
› Подобрена безбедност: многу нови, иновативни и подобрени системи за безбедност и асистенција
Четвртата генерација на Škoda Superb се надоврзува на јаките страни на својот претходник, нудејќи уште пософистициран дизајн, повеќе простор, удобност и најсовремена технологија. Со новиот Superb, клиентите повторно ќе имаат избор помеѓу лимузинска и комби верзија. Новата структура на опсегот на избор на внатрешниот дизајн нуди седум решенија, како на пример текстил изработен од 100 проценти одржливи материјали. Во исто време, иновативните паметни копчиња и новиот внатрешен концепт со 13-инчен инфозабавен екран овозможуваат уште поголема леснотија на користење. Внатрешноста има чист и простран изглед. Škoda уште еднаш ги оптимизираше своите мотори за уште поголема ефикасност. Постојат три бензински мотори со моќност кои се движат од 110 kW (150 КС) до 195 kW (265 КС) и два дизела со 110 kW (150 КС) и 142 kW (193 КС). Покрај тоа, портфолиото вклучува нов Plug-in hybrid погон кој е ексклузивен за комби верзијата, како и целосно нова Mild-hybrid верзија. Иновативните системи за помош како што се Turn Assist и Crossroad Assist го прават своето деби во Superb.
Клаус Зелмер, претседател на Управниот одбор на Škoda Auto, вели: „Superb е стандарден носител на палетата мотори со внатрешно согорување на Škoda повеќе од 20 години. Во својата четврта генерација ќе продолжи да биде токму тоа, нудејќи уште попрефинет, скулпторски дизајн, извонредна просторност и врвна технологија. Понатамошните оптимизации на погонската единица и подобрената аеродинамика придонесуваат за уште поголема ефикасност. Го реконструиравме plug-in hybrid погонот од нула, и тој сега нуди целосно електричен опсег од повеќе од 100 километри. Целосно новиот ентериер е уште поергономски и се одликува со примерна количина на одржливи материјали. Последно, но не и најмалку важно, ние ќе продолжиме да го нудиме Superb како лимузина и комби верзија, што совршено го одразува нашиот фокус на клиентите“.
Носителот на портфолиото на мотори со внатрешно согорување на Škoda ги носи добро познатите доблести на следното ниво
Со целосно новата четврта генерација, Škoda повторно поставува стандарди во поглед на дизајнот, просторноста, удобноста и безбедноста. Дополнителниот дизајн и аеродинамичните подобрувања ја намалија потрошувачката на гориво додека ги подобрија перформансите. Три модерни TSI бензински мотори, вклучително и еден со mild hybrid технологија, два дизела и нова plug-in hybrid погонска група со електричен досег од повеќе од 100 километри на циклусот WLTP испорачува моќност во опсег од 110 kW (150 КС) до 195 kW (265 КС). Врвниот дизел и врвниот бензински мотор доаѓаат со погон на сите тркала. Сите погонски единици во новиот Superb се стандардно поврзани со DSG автоматски менувач. Понатаму, бројните нови и подобрени системи за асистенција обезбедуваат уште поголема безбедност и удобност. Значително посветлите предни LED светла со Matrix технологија од новата генерација и DCC Plus го прават своето деби во Superb.
Нов и попростран концепт за внатрешни работи, непречен дизајн и интуитивно работење
Четвртата генерација на Superb се одликува со скулптурален надворешен дизајн и нова, октагонална маска на Škoda. Целосно новиот внатрешен концепт вклучува инфозабавен дисплеј со големина до 13 инчи. Рачката на менувачот се префрли на воланот, овозможувајќи чиста, уредна и многу попространа централна конзола. Уште едно деби за Superb, како опција е достапен head-up дисплеј. Новите паметни копчиња на Škoda обезбедуваат брз и интуитивен пристап до бројни функции за возилото и информации за забава. Покрај тоа, целосно новиот Superb ја прифаќа новата структура на опсег со избор на дизајн, првпат претставен со Enyaq. Ова нуди тематски пакети со опции, како и индивидуални опции. Новите функции вклучуваат телефонска кутија со индуктивно брзо полнење од 15 вати и истовремено ладење на паметниот телефон, како и Ergo седишта кои се погодни за грбот со десет пневматски контролирани перничиња за масажа. Електрично управуваниот товарен капак во комби е една од неколкуте нови (и вкупно 28) Simply Clever карактеристики.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Кандидатот за Градоначалник на општина Охрид од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Асен Шајн, на вечерашната граѓанска трибина на која присуствуваше и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека реалноста во Охрид е далеку од сликата која оваа општина ја заслужува и дека е време за промени и вистински проекти.
„Граѓаните се разочарани и со право. Многу се ветува, а ништо не се исполнува. Комуналниот развој е запоставен, градот е нечист, нема проекти, нема никаков развој. Младите заминуваат, економијата стагнира, а граѓаните живеат од денес за утре. Туризмот, кој треба да биде носечки столб на еден ваков туристички бисер, е сведен на неколку месеци хаос, а остатокот од годината живееме со истите и нерешени проблеми“, истакна Шајн.
Тој додаде дека Охрид станал лична своина на градежни инвеститори, кои со амин на локалната власт, на охриѓани приредија страшна урбана девастација.
„Штетата зазема непоправливи размери, ги загрозува природните и културните богатства и комплетно ја уништува околината. Дишеме загаден воздух, нема каде да паркираме, а јавните површини се уништени. Се навикнавме на сето она што не треба да биде нормално, нагласи кандидатот за градоначалник Шајн.
На граѓанската трибина на СДСМ во Охрид, Шајн истакна дека нема да зборува за минатото, туку за иднината, бидејќи заедно со кандидатите за советници има реални идеи, нов концепт и конкретен план.
„Урбанистичкото планирање ќе има нова димензија, ќе воведеме нови еколошки практики, а на крајбрежјето на Охридското Езеро, уредување, согласно препораките на УНЕСКО. Културата и спортот ќе добијат нова енергија, а туризмот ќе го градиме на одржливи темели, со грижа кон природата, историјата и локалните потреби“, истакна Шајн.
Нагласи дека инфраструктурата е негов приоритет и дека ќе води општина која нема да заборави никого.
„Секоја улица, секое мало, секое населено место ќе го добие потребното внимание. Ќе го слушаме гласот на месните и урбаните заедници, тие ќе бидат наш вистински партнер и сојузник во работата. Одлуките ќе се носат со народот, а не без него“, рече Шајн, додавајќи дека СДСМ е партија што досега покажала дека знае да инвестира во капитални проекти и трајни вредности.
Тој напомена дека е време е да се врати Охрид, на охриѓани и дека нема да бидат заборавени ниту социјалните семејства, пензионерите, лицата со попреченост, а за учениците вети дека ќе учат во модерни училници.
„Нашите ученици ќе се образуваат во модерни училници, а дечињата ќе добијат услови за згрижување по сите стандарди. Нашата цел е младите да ја гледаат својата иднина тука, во своето родно место“.
Увери дека тој и кандидатите за советници имаат капацитет и дека ќе работат чесно, домаќински, транспарентно и пред се, човечки, повикувајќи ги граѓаните на 19-ти октомври да ја дадат поддршката за него.
Соопштенија
Сајкоски: Да гласаме за континуитет кој значи многу проекти и многу работа за Битола, масовно да дадеме поддршка за Тони Коњановски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг во Битола во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ истакна:
„Сите имаме иста цел, да продолжи заедничката работа и во иднина со актуелниот, но и иден градоначалник на Битола, Тони Коњановски. Кога зборуваме за континуитет зборуваме за континуитет на проекти, работи. Затоа можеме да веруваме дека Коњановски ќе испорача дупло повеќе проекти од претходниот мандат“, кажа Сајкоски.
Сајкоски укажа дека во иднина дополнително во развојот на Битола ќе придонесе и Владата.
„Соработката на локалната власт со централната е многу важна тоа се виде од претходната година кога Владата ги поддржуваше проектите на општините, а претходно најде средства за тоа“, вели Сајкоски.
Според Сајкоски треба да се стави крај на оние кои се независни, а се зависни од мал број на луѓе.
„Затоа треба масовно да излеземе и да гласаме за Тони Коњановски и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Една кандидатка бара поддршка од ДУИ. Патот го бираме ние и вие, а ние ќе го одбереме патот на проекти и работа. Затоа треба масовно да се излезе и да се гласа за континуитет кој подразбира работа“, заклучи Сајкоски.
Соопштенија
Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом

„Вевчани е посебно место – по својата историја, традиција, но и по духот на луѓето. Вевчанци секогаш знаеле гласно и јасно да ја кажат вистината, да кажат ‘Доста е!’ кога нешто не е како што треба“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска на граѓанска трибина во Вевчани.
Таа истакна дека на овие избори граѓаните на Вевчани повторно ќе ја покажат својата сила и решителност.
„Да му кажеме на ВМРО-ДПМНЕ доста е! И во Вевчани, а со тоа да испратиме порака низ цела Македонија. Затоа што се работи за нашиот дом.“
Каранфилова Пановска потсети дека граѓаните веќе видоа како изгледа Вевчани препуштено на ВМРО-ДПМНЕ – застанати проекти, запоставени граѓани, изгубени години. „Нивниот градоначалник не е гласот на народот, туку глас на партијата. Не работи за граѓаните, туку за бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ“, подвлече таа.
„Наместо развој видовме застој. Наместо подобар живот – растечка сиромаштија, стагнација на платите, дивеење на цените и масовна иселување. Македонија оставена без план, без визија, без перспектива. Боли кога гледаме како нашиот дом се руши. Затоа ова не се само избори – ова е борба за иднината на Македонија, за нашите деца да растат во европска, модерна и просперитетна држава,“ нагласи Каранфилова Пановска.
Таа истакна дека мисијата на СДСМ е да ја врати надежта, правдата и државата во рацете на граѓаните. „Нашата борба е за секој наш дом, за секоја наша улица, за секое семејство,“ рече таа.
Во Вевчани, Каранфилова Пановска даде поддршка за кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Стефан Радиноски, како и за советничката листа.
„Нашиот иден градоначалник Стефан Радиноски е човек со големо срце, со визија и амбиција за промена. Проектите во неговата програма јасно кажуваат дека Вевчани може и мора да оди напред,“ истакна заменик-претседателката.