Регион
(Видео) Невреме во Хрватска: се излеа морето во Сплит и Задар, издадено предупредување

Обилни врнежи зафатија дел од Хрватска, а синоптичарите на ДХМЗ издадоа црвено предупредување за областите Риека, Книн и Сплит поради невреме со грмотевици придружени со силен ветер и можна појава на град на некои места, извести Дирекцијата за цивилна заштита.
Хрватски води издаде предупредување поради значително покачување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава.
„Обилните акумулирани врнежи на подрачјето на Хрватска и низводно соседните земји ќе предизвикаат значително зголемување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава. Според хидролошките модели и понатамошната прогноза за обилни врнежи, нагло покачување на водостојот се очекува и кај помалите притоки“, предупредуваат од Хрватски води и додаваат:
„И денеска поради обилни и интензивни врнежи и грмежи на подрачјето на Горски Котар, Лика и целиот Јадран и неговата внатрешност, постои можност за поројни и урбани поплави“.
Поплавен е и брегот во Задар.
Poplavljena riva u Zadru….
“Nevjerojatno je koliko su brze promjene. Sada je sunčano…” govori nam pratiteljica koja nam je poslala video. pic.twitter.com/oT34BhMwBX
— DHMZ (@DHMZ_HR) November 3, 2023
Во некои делови на Задар морето навлегло во дворот на куќите.
Сплит беше погоден од бура од југ и морето се излеа на брегот.
Проблеми на патиштата предизвика и силниот дожд во внатрешноста на Шибеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.