Црна хроника
Расчистени три кражби на возила во Прилеп, приведен сторителот, ги признал делата

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”.
Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило.
По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, “одземање на патничко моторно возило”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
27-годишен гостиварец обвинет за објавување приватни фотографии и сексистички објави

МВР по неколкумесечна истрага откри и поднесе кривична пријава против 27-годишен маж од Гостивар, К.Н., кој на 28 февруари преку лажен профил на Инстаграм објавувал фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги прибавил без нивна согласност.
Објавите биле придружени со текстови со навредлива, сексистичка содржина.
Пријавениот признал дека ги злоупотребил личните податоци на девојките, а против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.
Лицето е повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признало делото.
Црна хроника
Го излажале дека ќе му транспортираат „мерцедес“ од Швајцарија: тетовец останал и без пари и без возило

Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила Швајцарија во Македонија.
Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира возило „мерцедес“ од Швајцарија за сума од 1.000 евра.
Како што е пријавено, лицето му пуштило фактура и побарало од него парите да ги прати преку брз трансфер на друго лице.
Исто така, според пријавеното, откако лицето не го презело возилото и му биле наведувани различни причини затоа, тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен маж од Бразил на Табановце: внел благородни метали и накит со полускапоцени камења

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.Ф.(32) од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на против правно прибавени добра од привремена заштита, културно наследство и природни добра“.
Имено на 10.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле контрола при што било констатирано дека пријавениот внел 961 природни реткости (минерали-камења, со различни бои, благородни метали и различен рачно изработен накит со додатоци од полускапоцени камења), а кои се противправно набавени на територија на друга држава, во вредност од 918.000 денари.