Македонија
Левица: СДС и ДПМНЕ со европско знаме го шверцуваа неевропскиот Закон за медиуми
На последната собраниска седница, повторно се потврди дека широката коалиција на Ковачевски и Мицкоски функционира секогаш кога треба да се донесат штетни и анти-демократски закони. Имено, со 78 гласа ЗА, пратениците од СДС и ДПМНЕ заеднички ја усвоија потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку шверц со европско знаменце. Единствено пратениците од Левица гласаа против ваквиот коруптивен закон, се вели во соопштението од Левица.– Со ваквите усвоени измени, се враќа владиното рекламирање во медиумите од владеењето на Груевски, кое беше критикувано од тогашната опозиција и од страна на Европската Комисија. Пратениците од Левица, пред една година, со филибастеринг од 1.300 амандмани, го блокираа првиот обид на власта за ваквите скандалозни измени, кои дефакто претставуваат легален поткуп на медиумите, сметаат од партијата.Хибридниот режим на СДС и ДУИ, преку шверц со европско знаме и во коалиција со лажната опозиција од ДПМНЕ, заеднички го изгласаа поткупот на медиумите, само за да си ги заштитат своите теснопартиски интереси. Владиното финансирање на медиуми во минатото беше нотирано како извор на притисоци и контрола врз медиумите, при што од 2008 до 2015 година, власта на Груевски потроши 38 милиони евра само за две национални телевизии, кои беа мегафони на тогашните владини политики, додаваат од Левица.Со ова гласање, се потврди дека Левица е единствениот бастион со кој не може да се преговара за непринципиелни работи, кои ги рушат демократските и националните темели на Републиката. Очигледно е дека кохабитацијата на овие три партии непрекинато функционира изминативе три децении и дека корупцијата, која го еродира македонското општество, извира од деструктивните политики на овие истрошени политички субјекти, тврдат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

