Македонија
Николов: Скандалот „Онкологија“ е резултат на индивидуални случаи во здравството или канцер мафија, а тоа мора да се санкционира, во спротивно се оцрнува сиот медицински персонал кој работи професионално
Многу е важно кога се зборува за актуелниот случај „Онкологија“ да се каже дека има разлика или треба да се разјасни што се тоа протоколи, а што се процедури.
Најголем дел од медицинските лица професионално ги спроведуваат работите и ги знае протоколите. Второто прашање е немање на процедури или една клиника треба да има воспоставена процедура. И трета работа се патеките на лекот. И тука е КАТО системот и прашањето е зошто тој не се употребува, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на денешната трибина во Виница посветена на скандалот „Диво месо“, а која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Оттука укажа, Николов, веројатноста е голема дека на некого му одговара функционирање во магла или немање јасно воспоставени стандарди и пренесување на истите. Или како што рече Николов, и покрај тоа што од Министерството за здравство не биле формирани работни групи за преведување и адаптирање на протоколите, медицинските лица од Онкологија, но и од другите клиники работат и постапуваат професионално според европските и американските светски протоколи иако тие се на англиски јазик.
Според него здравствените работници во најголем дел професионално си ја вршат работата.
„Сепак гледаме дека има одделни случаи. Индивидуалните случаи што побрзо треба да се санкционираат од страна на истражните органи затоа што не може целиот персонал кој е професионален во најголем дел да преземе дел од таа одговорност која е резултат на системски недоследности“, посочи Николов.
Доктор Николов посочи дека случајот „Онкологија“ не е исклучок и дека слични работи веројатно има и во други здравствени институции, или дури и онаму каде што има протоколи тие не се усогласени уште од 2016 година иако тоа претставува една од законските обврски на надлежните институции воз здравството.
„Во конкретниов случај ако некој сака да се оправда, најлесно е се да се префрли целата вина врз медицинскиот персонал. Но секако прашањето треба да се постави системски. Тендерската постапка за биолошка терапија ја спровело МЗ, следливост и начинот на употребата на терапијата требало да ја извршува МЗ и ФЗОМ, активноста на тумор бордовите и стручниот колегиум требало да го следи МЗ и ФЗО, следливоста на потрошувачката на терапијата потребно е да ја следи МЗ и ФЗО, со еден збор дисфункционалниста на овие институции довело до наведената состојба. Идејата на некого да креира “култ кон личност”, која што личност на времето нејзино владеење да се прават стикери за неа, да се посветува внимание и друго, сето тоа резултираше со елиминација на систем туку креирање на чувство дека се зависи од еден човек од една личност“, рече Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците, бара СДСМ
„Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра“, велат од СДСМ.
„Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.
За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.
Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците, а кои ќе останат на страна на тендерите“, соопшти СДСМ.
Македонија
ЛДП: Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат Либерално-демократската партија
Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок, извести ЛДП.
„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.
„Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.
Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.
Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.
Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.
Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.
Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

