Забава
Принцот Хари одбил да дојде на роденденот кај татка си
Британскиот крал Чарлс на 14 ноември ќе го прослави својот 75. роденден.
Според „Дејли мејл“, тој планира да организира забава за своите најблиски пријатели и семејството во резиденцијата Кларенс хаус.
Иако беше објавено дека кралот не планирал да ги покани синот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, тие, всушност, биле поканети.
„Постои чувство на заладување во семејството по повратните шокови од книгата и интервјуто на Хари. Но, тоа не ја менува љубовта на кралот кон својот син. Секогаш ќе го кани на семејните собири бидејќи е таков“, рекол извор близок до кралското семејство.
Според споменатиот медиум, факт е дека Хари ја одбил поканата и не сака да дојде на забавата на својот татко.
И додека овој извор вели дека Хари „нема да патува од Калифорнија за да присуствува на роденденот на својот татко“, друг извор тврди дека засега семејството „цврсто му ја затворило вратата поради документарниот филм и книгата што ја напишал“.
Заладувањето на односите меѓу принцот Хари и неговото семејство настана кога тој пред три години реши да се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и синот Арчи. По тоа, тој и Меган ѝ дадоа интервју на Опра Винфри, во кое не штедеа зборови за кралското семејство, потоа снимија документарен филм, а последната капка беа мемоарите на Хари, „Резерва“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и концертот насловен „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“, така возбудата околу Бојана Скендеровски расте од ден во ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детал од вечерта која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува тоа што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер која ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме подготвувам и едно мало, музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20:00 часот во Филхармонија, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцена. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства кои траат и моменти кои се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Емина Јаховиќ ги расплака посетителите на нејзиниот концерт, а потоа му порача на Ковачевиќ: Ќе мораш да ми го кажеш тоа во лице
Пејачката Емина Јаховиќ синоќа, 18 ноември, го одржа својот втор концерт по ред во Сава Центар во Белград, на кој расплака многумина.
Најемотивниот момент од концертот беше кога Емина на сцената се сети на својот покоен колега Халид Бешлиќ.
Таа го отпеа неговиот хит „Први полљубац“, кој публиката го поздрави со аплауз, а многумина се расплакаа.
По концертот, Емина Јаховиќ даде изјава за медиумите, а новинарите ја прашаа за Саша Ковачевиќ, на што таа рече:
– Никогаш не сум имала ништо лошо во животот со ниту еден од моите колеги, никакви негативни вибрации. Моите колеги се мои пријатели пред сè. Саша и јас имаме безвременска песна. Напишав безвременска песна за нас двајца. Никогаш немавме никакви проблеми, никакви караници, кажување лоши работи еден на друг… – ја започна приказната Емина Јаховиќ, откривајќи дека го поканила на својот прв концерт, но дека тој одбил.
На прашањето што има да одговори на неговиот коментар „дека не е џентлеменски да каже што е проблемот“, Емина му порача дека ќе мора тоа да и го каже во лице.
фото: принтскрин

