Свет
Русија за изјавата на израелскиот министер: Најавата за нуклеарен напад врз Газа иницира многу прашања
Соединетите Американски Држави го нарекоа предлогот на израелски министер за фрлање атомска бомба врз Газа неприфатлив и ги повикаа сите страни во конфликтот да избегнуваат реторика на омраза.
„Премиерот Нетанјаху и израелската влада ги отфрлија тие зборови, кои ги сметаме за целосно неприфатливи“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.
„Важно е сите страни во конфликтот да се воздржат од реторика со омраза што може да ги разгори тензиите“, рече тој.
Владата на премиерот Нетанјаху во неделата го суспендира екстремно десничарскиот министер за наследство, Амичај Елијаху од сите состаноци на кабинетот до дополнително известување. Во интервју за израелското радио „Кол Барама“ министерот Елијаху му одговори на новинарот дека една опција е да се фрли некаква нуклеарна бомба врз Газа за да се убијат сите. Израел има една од најмоќните војски на Блискиот Исток и се верува дека поседува нуклеарно оружје, иако никогаш јавно не извршил нуклеарна проба. Елијаху подоцна се обиде да ја поправи својата изјава велејќи дека е метафорична, но предизвика бес во арапските земји.
Русија: Ова иницира многу прашања
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на израелскиот министер иницирала многу прашања, пренесува „Ројтерс“. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече: Тоа отвори огромен број прашања. Прашање број еден – излегува дека слушаме официјална изјава за присуство на нуклеарно оружје? Според тоа, следните прашања што ги имаат сите се – каде се меѓународните организации, каде е МААЕ, каде се инспекторите?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенечкиот премиер најави построги безбедносни мерки по убиството
Словенечкиот премиер Роберт Голоб најави засилување на безбедносните мерки и измени во казнената политика по смртта на 48-годишен маж во Ново Место, кој почина по напад, пренесе „Индекс“.
Во телевизиско обраќање, Голоб рече дека државата ќе направи сè за да ја заштити безбедноста на граѓаните, но предупреди дека „репресивните мерки нема да бидат популарни“.
Тој најави двојно зголемено полициско присуство во југоисточниот дел на земјата и рече дека сите институции – полицијата, обвинителството и судството – ќе добијат поголеми овластувања.
„Овој сторител не стана таков преку ноќ. Тој е производ на систем што не функционирал. За да го смениме тоа, ќе биде потребна цела генерација“, изјави Голоб.
Премиерот ги повика сите политички лидери да покажат одговорност и да не ја користат трагедијата за собирање политички поени.
Регион
Курти не успеа да формира влада
Лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, соопшти дека актуелната влада ќе продолжи да функционира до одржување на нови парламентарни избори, откако денеска во косовското Собрание не доби доволен број гласови за формирање нов кабинет, пренесе „Фонет“.
„Им благодарам на сите пратеници кои го поддржаа предлогот за новата влада и на граѓаните за поддршката. Бидејќи 56 гласа беа за, 52 против, а четворица воздржани, новиот мандат не може да започне. Во меѓувреме, како актуелна влада продолжуваме кон новите парламентарни избори“, напиша Курти на „Фејсбук“, пренесе „Косев“.
По гласањето, претседателот на Собранието, Димал Баџа, изјави дека одговорноста сега преминува на претседателката Вјоса Османи, која најави консултации со сите партии. Доколку не биде формирана влада, Османи ќе распише нови избори во рок од 40 дена.
Опозициските партии веќе порачаа дека нема да се обидат да формираат влада, бидејќи немаат мнозинство.
Свет
Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД
Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.
Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.
Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.
Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.
Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.
California Gov. Gavin Newsom says he’s open to a presidential run.
The Democrat and frequent Trump critic said he’ll give serious thought to a White House bid after next year’s midterms. “I’d be lying otherwise,” Newsom said, adding that “fate will determine” his decision and a… pic.twitter.com/uD8OqNrnHE
— CBS Sunday Morning 🌞 (@CBSSunday) October 26, 2025

