Забава
(Видео) Силвестер Сталоне првпат за смртта на синот, кој почина на 36 години: од оваа трагедија никогаш не закрепнав
Познатиот актер Силвестер Сталоне доживеа тешка загуба, која никогаш не ја преболе. Во 2012 година Силвестер Сталоне го загуби својот син Сејџ Сталоне, кој почина на 36-годишна возраст.
Познатиот актер за оваа трагедија првпат проговори во својот нов документарен филм на Нетфликс, Sly.
Сејџ Сталоне наводно починал од срцева болест предизвикана од артериосклероза иако првичните извештаи сугерираа дека трагедијата е поврзана со злоупотреба на дрога.
Силвестер Сталоне го доби синот Сејџ Сталоне со Саша Чак, со која беше во брак од 1974 до 1985 година. Од тој брак го има и синот Серж, а со сегашната сопруга Џенифер Флавин, со која се ожени во 1997 година, ги има ќерките Скарлет, Систин и Софија. Покрај тоа, актерот беше во брак со Бриџит Нилсен од 1985 до 1987 година.
Познатиот актер ретко зборуваше за оваа трагедија, која длабоко го погоди. Тој глумеше со Сејџ во петтиот дел од филмот за славниот Роки, а како што рече, неговиот однос со синот не се разликуваше многу од оној на екранот, па овој филм многу го потсетува на неговото дете.
„Се обидувам да издвојам нешто што всушност посакував да го направам во реалниот живот, но не можев. И така често го правев тоа театрално, магично. Голем дел од ова е вистина. За жал, кога работите ги ставате пред семејството, последиците се прилично радикални и поразителни“, рекол актерот во документарниот филм Sly, додека беа прикажувани слики од него и неговиот син од премиерата на споменатиот филм.
„Во филмот има една реплика: „Многу ми е мило што се роди затоа што сега можам да живеам низ твоите очи“. Мислам дека тоа е она што татковците го сакаат од своите деца. Тоа е продолжение, парче бесмртност. Сè додека детето е живо, секогаш ќе ви биде живо сеќавањето, дека сте направиле нешто добро. Мислам, се надевате на тоа“, продолжи актерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жената-мачка го покажа вереничкиот прстен: не оди никаде без дијамантот од 200.000 долари
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл.
По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза.
Нејзиниот колега Крис Хемсворт ѝ правеше друштво пред фотографите, но тој остана во сенка на дијамантскиот прстен.
Како што пишува Дејли Меил, станува збор за дизајн на АртДеко, дијамант опкружен со црни камења, а нивниот експерт за накит истакна дека цената на таков модел е од 120 до 200 илјади долари.
Врската на Хали Бери и Ван Хант започна за време на пандемијата на коронавирусот, и како што претходно истакна актерката, тој ѝ предложил брак уште порано, но таа дури сега се согласила.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!

