Македонија
ЦУК: Активни пожари на отворено до утрово нема, на 112 имало 1.463 повици

Пожари на отворен простор во претпоследното деноноќие немаше, најверојатно поради влажното и врнежливо време, но пожарникарите сепак имаа работа во урбаните средини, според извештаите во Секторот за операции и координација (СОК), во Центарот за управување со кризи ЦУК добиени од неговите регионални центри и од институциите во државата од Системот за управување со кризи (СУК). Активни пожари на отворено нема утрово.
„Во Скопско и во Охридско пожарникарите имале по една помала интервенција на отворено. Во Тетовско, во периодот од 18.40 до 20.15 часот, со едно противпожарно возило и шест пожарникари, гаснеле запален покрив на ресторан во Тетово, и пожарникарите од ТППЕ Гостивар, во периодот од 16.20 до 17.10 часот. со две противпожарни возила и шест пожарникари. интервенирале на запален подрум на куќа во центарот на Гостивар“, известува ЦУК.
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК на единствениот број за итни случаи до изминатото деноноќие најмногу повици биле упатени кон Полицијата (50,99 %) и Итната медицинска помош (41,58 %) од повиците за итни случаи. Другите повици биле упатени кон територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги (од 3 до 10 % најчесто) решавал, ги координирал итните случаи за комбинирано дејствување, при што било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од СУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.