Контакт

Македонија

„Извештајот на ЕК покажува дека Македонија со СДС и ДУИ е заглавена во мочуриште од криминал и корупција“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Извештајот на ЕК за Македонија констатира неуспеси и неспособност на власта на секое поле. Имено, јасно е наведено дека во извештајниот период не е постигнат напредок, т.е. не успеале да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венециската комисија. И тоа во година во која Османи се промовира како претседавач на ОБСЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ЕК констатира дека власта прекумерно употребува брзи процедури за носење закони, вклучително и користењето на така нареченото европско знаменце, со што не се дава можност законски решенија да поминат низ квалитетна дебата.

Нема никаков напредок на полето на јавната администрација, чија реформа, како што пишува во извештајот, е почната пред 5 години, но сè уште нема напредок.

Нема напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права. Контроверзното разрешување на претседател на Судскиот совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание.

Немањето на реформи резултира со немање напредок во борба против корупцијата. А јасно се нотирани и измените во КЗ, кои ја попречуваат работата на органите во иднина да гонат и санкционираат кривични дела опфатени со измените.

Извештајот јасно покажува дека Македонија со СДС и ДУИ е заглавена во мочуриште од криминал и корупција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше најлошиот министер за здравство, ветуваше „европско здравство“ а создаде „Менгеле здравство“

Објавено пред

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија. Двете обвиненија за случајот Онкологија се доказ плус за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според нив, СДС на чело со Филипче како екс министер за здравство предизвика огромни финансиски загуби но и директно ги оштети онколошки болните кои остануваа без терапија.

„Деструктивните политики на Филипче и СДС, го уништија македонското здравство, во време на СДС и Филипче имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.

Мандатот на Филипче беше обележан и со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија.

Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија. Филипче и Заев ветуваа „европско здравство“ а го претворија во „Менгеле здравство“ и целосен крах на здравствениот систем поради лукративни причини“.

Филипче и СДС, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем.

Нагласуваат дека не постои семејство во државата која не е засегнато директно или индиректно со Онкологија и со работата на оваа здравствена установа.

„Во време на Филипче како министер за здравство, здравјето на граѓаните беше заложник на бизнис мафијата блиска до СДС. Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче и СДС доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне. СДС е синоним за корупција криминал и предавство“, истакнуваат од партијата на власт.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

dobivaj vesti na viber

Денеска, Сиљановска-Давкова ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

На 24 мај, сабота, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.

Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

На 26 мај, понеделник, во Апостолската палата, Сиљановска-Давкова ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

Во составот на македонската државно-црковна делегација којашто ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се предвидени Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Елена Кузмановска-Биондиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија; Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи; митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископ Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски продолжува и на јавна сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Објавено пред

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во Власта, која со тек на времето сѐ поизразено излегува на површина, велат од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Ова, според партијата на Ахмети, не е првпат Мицкоски вака да се однесува кон Албанците.

„Тоа не е случајност. Тоа е израз на неговите лични преференции во политиката. Тоа е намерно потценување, овој пат на јавна сцена. Тоа е негов начин да покаже кој одлучува, а кој молчи. Или, како што и самите наоколу се фалат, тој го остварува своето предизборно ветување – „да им го покаже местото на Албанците во државава“. Не случајно Премиерот го дисциплинираше градоначалникот на прашањето за вработувањето на Албанците“.

Оваа системска неправда, како што истакнуваат, се одвива во континуитет, и тоа е една од клучните политики за остварување на моноетничката доминација.

„Прво го ставија Уставниот суд во полза на нивните предизборни ветувања и го укинаа Балансерот, потоа, без механизми за заштита од мајоризација, пристапија кон серија вработувања и унапредувања во сите институции без вработување на ниту еден Албанец со што полека се нормализира моноетничката доминација во администрацијата.
Албанците не го заслужуваат ова. Во Желино не беше понижен само еден човек, туку беше згазена Уставната децентрализација која е клучна придобивка за граѓаните од Рамковниот договор“.

Премиерот, додаваат од ДУИ, ниту има ингеренции, ниту смее да си дозволува било какви обиди за „дисциплинирање“ на градоначалник кој е избран од граѓаните. Особено, нагласуваат од таму, е поразително што на јавна сцена гледаме политичари Албанци како молчат и толерираат навреда од човек кој ги презира на секој можен начин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна...

Македонија1 час

Мицкоски продолжува и на јавна сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во...

Свет1 час

Европол разби огромна хакерска мрежа: „Го погодивме самиот извор на нападот“

Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање. Во периодот од 19 до...

Свет3 часа

Шефот на СЗО го повика Израел да покаже милост во Газа: Замислете како луѓето страдаат

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на...

Македонија4 часа

Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се...

Македонија12 часа

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија19 часа

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија19 часа

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија20 часа

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија21 час

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија21 час

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија22 часа

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...

Македонија22 часа

Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека...

Македонија23 часа

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника...

Топ24 часа

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во...

Македонија24 часа

Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон. Вицепремиерот и...

Регион24 часа

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано...

Свет1 ден

(Видео) Снимката од апсењето на убиецот на израелска двојка стана вирална на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека го прикажува моментот кога Елијас Родригез, осомничениот за смртоносната...

Свет1 ден

(Видео) Првпат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од...

Европа1 ден

(Видео) Рускиот министер за надворешни работи: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина...