Црна хроника
Кривична против двајца од Битола за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги
Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д. А. и 34-годишниот М. О., двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, извести МВР.
„Тие се сомничат дека на 16.3.2023 од фабрика за производство на канабис за медицински цели во с. Кравари, Битолско, во која првопријавениот бил управител, со патничко возило изнеле марихуана. При извршен претрес во фабриката било констатирано дека во сефот имало вреќи со вкупно 70 килограми марихуана со разна тежина“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата правеше претрес во Прилеп, приведе едно лице и најде дрога
Полицијата вчера попладне го лишила од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Кај кочанското село Тркање загина пешак
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање, а собраќајот се пренасочува по експресниот пат.
Во тек е увид, а повеќе детали во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.