Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавните набавки, договорите во 4 очи го јадат системот

„Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, договорите во 4 очи го јадат системот. ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Во Извештајот јасно е посочен договорот за автопатите како проблематичен. Јасно се вели: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки.
Заобиколувањето на Законот за јавни набавки, нереформираната администрација и корумпираното судство ја носат државата надолу.
Со СДС и ДУИ Македонија го доби најлошиот Извештај во нејзиното постоење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на топло време со пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h).
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (Петок ) без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, ул. Ѓорѓи Капчев 7,5,13,9,3,15 (Општина Аеродром).
· Oд 09:00 до 14:00 часот, ул.Христо Татарчев. 27,26,24 (Општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 16:00 часот, корисниците во Кисела Јабукана на ул. 44,46,54,62,64,66 (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
„Системот е следен“ – протест во Скопје за сите трагедии кои ја потресоа целата држава

Во Скопје попладнево се одржа протест на иницијативата „Кој е следен“, на кој се бараше правда за жртвите во досегашните трагедии, а беа прочитани и имињата на 61 жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, 14-те жртви во пожарот во модуларната болница, 45-те жртви од сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“, на 16-те жртви во превртениот автобус на „Дурмо турс“ кај Ласкарци, 22-те жртви од поплавата во Стајковци на 6 август 2016, како и на загинатите кои беа прегазени од автомобили на улиците.
„Денеска сме на улица да се избориме против системот кој не’ тера да ги заборавиме сите овие трагедии. Исто така протестираме за сите барања кои се изнесени во јавноста досега и властите се запознаени. Но, повеќе се вртат муабети кои сме ние, наместо да се обрати внимание на она што ние го бараме“, рече Анастасија Митревска од „Кој е следен“ на почетокот на протестот.
Протестот почна пред Владата, а потоа продолжи кон Собранието. На крајот, пред Основниот кривичен суд во Скопје дел од претставниците на „Кој е следен“ имаа свои обраќања изјавија дека не се нечии платеници туку се економисти, правници, ИТ инженери, психолози, доктори, учители, урбанисти кои немаат партиски штаб.